Проштална средба на Сиљановска-Давкова со турскиот амбасадор, Улусој

1 септември 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид оствари проштална средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, на кој му се заблагодари за личниот придонес во унапредувањето на македонско-турските односи.

На почетокот од средбата, Сиљановска-Давкова изрази сочувство за трагичната поморска несреќа на патничкиот брод што пловел меѓу Северен Кипар и Мерсин, во која животот го загубија осум лица, а дестина се исчезнати.

За неа, Турција е не само наш важен економски и стратешки партнер, туку и докажан пријател.

Според Улусој, во текот на овие две години, билатералните односи добиле нов импулс и тежина преку: реципрочните посети на највисоки државни претставници и активниот политички дијалог, крунисан со формирањето на Советот за соработка на високо ниво, низата заеднички активности во одбраната и економијата, како и развојните проекти поддржани од ТИКА.

Сиљановска-Давкова укажа на потребата од ажурирање на Договорот за слободна трговија.

Нагласувајќи го значењето на турската заедница во македонското општество, таа се согласи дека се потребни реални решенија за соодветна и правична застапеност на припадниците турската заедница на локално и централно ниво, зголемена употреба на турскиот јазик, како и поголеми образовни можности на истиот.

На амбасадорот Улусој, таа му посака добро здравје, лична среќа и успех во идните професионални ангажмани.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на...