Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на првиот училишен ден во ООУ „Јан Амос Коменски“

2 септември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, по повод започнувањето на новата учебна година, присуствуваше на првиот училишен ден во ООУ „Јан Амос Коменски“ во Скопје.

Претседателката Сиљановска Давкова на свеченоста ги поздрави првачињата посакувајќи им успех во потрагата по нови знаења.

„Бидете сигурни дека нема поважно нешто од знаењето, да учите да пишувате, да учите да пеете, бидејќи само тоа никој во животот не може да ви го земе“, порача претседателката Сиљановска Давкова.

Споделувајќи дел од нејзиното искуство како ученик, претседателката истакна дека пред шеесет години како четвртоодделенец, таа била во првата генерација во ова училиште и завршила како првенка, посочувајќи дека „Јан Амос Коменски“ било едно од најдобрите училишта не само во Републиката, туку и во Југославија.

„Вреди да се учи, така велеше и чуениот педагог Јан Амос Коменски, вреди да се знае, не за да ги направите среќни вашите родители, роднини, баби и дедовци, туку за да знаете, дека со знаењето станувате секогаш потолерантни, подобри луѓе, бидејќи тој кој знае – ќе знае да се снајде и во животот“, посочи претседателката во поздравното обраќање.

Првачињата на првиот училишен ден беа пречекани со пригодна приредба подготвена од учениците од петто одделение. Годинава во ООУ „Јан Амос Коменски“ се запишани 110 првачиња кои ќе посетуваат настава во 4 паралелки.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата...

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...