Обраќање на претседателката Сиљановска Давкова на Самитот на шефови на држави и влади на ПСЈИЕ

13 јуни 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува денеска во Скопје, како завршна активност во рамки на македонското претседавање со Процесот под мотото „Премостување на поделбите, градење доверба“.

Во своето обраќање претседателката Сиљановска Давкова оцени дека во изминативе 28 години, Процесот им помогна на учесничките да затворат некои отворени прашања, да изградат меѓусебна доверба и да соработуваат за постигнување на заедничката цел, а тоа е целата Југоисточна Европа да добие едно заедничко знаме – знамето на Европската Унија.

Овие заеднички заложби, според претседателката Сиљановска Давкова дадоа конкретни резултати – некои станаа полноправни членки, други започнаа преговори за членство, а трети се кандидати или имаат поднесено апликација за членство.

Според претседателката Сиљановска Давкова, и покрај досегашните неспорни постигнувања, сведоци сме на забавување во регионалната соработка, особено изминативе години, поради стагнацијата во европската интеграција, недоволната инфраструктурна и енергетската поврзаност, демографското стареење и масовното иселување на младите.

Сето ова, рече претседателката, кулминираше со руската агресија против Украина, што е закана за мирот и стабилноста, но и за човечката и енергетската безбедност и безбедноста на храната.

„Ние имаме заедничка одговорност да придонесеме за зачувување на мирот во Европа, градејќи демократски, безбеден и просперитетен континент“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Според претседателката, довербата се гради преку одрекување од двојните стандарди и почитување на правото и правдата, на принципите на меѓународното право, вклучително и преку немешање во внатрешните работи на државите.

„Во контекст на европската интеграција, тоа подразбира дека учесниците во Процесот од регионот мора да инсистираат на копенхагенските критериуми како единствен услов за членство во ЕУ. Ветото е спротивно не само на логиката на Европската Унија, туку и на просперитетот на целиот регион. Наместо меѓусебно да се блокираме, ние треба да се однесуваме скандинавски, да соработуваме и да се поддржуваме едни со други“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Во однос на европските реформи, според претседателката, на регионот не му е потребна гола ЕУ-реторика, туку доследна ЕУ-логика.

„Со други зборови, ни треба демократска политичка култура, владеење на правото и функционална правна држава, човекови права и фундаментални слободи, стручна и компетентна администрација и компетитивна економија. А најдобар, најефикасен начин за имплементирање на овие европски придобивки се преговорите и членството“, рече претседателката.

Но, за регионалната соработка да биде поефикасна, ние мора да продолжиме да градиме регионална синергија меѓу процесите, како што се Берлинскиот процес, Регионалниот совет за соработка и Процесот „Брдо-Бриони“.

„Очекувам, независно од постизборната констелација во Европската Унија, проширувањето да остане на агендата на идната Европска комисија. Ова е важно бидејќи проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно...

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation). За Сиљановска –...

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври – Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово. Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната...

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. [gallery...