Проштална средба на Сиљановска-Давкова со шеикот Јасим бин Хамад Ал-Тани, вршител на должноста во амбасадата на Катар

15 април 2025 | Соопштенија, Средби

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на проштална средба го прими шеикот Јасим бин Хамад Ал-Тани, вршителот на должноста во амбасадата на Катар во Скопје, заблагодарувајќи му се за професионалниот и посветен однос во вршењето на дипломатската функција.

На средбата, покрај констатацијата за успешни пријателски политички односи, таа укажа на можноста за проширување на соработката во областа на образованието, науката, културата, здравството, земјоделството, туризмот, енергетиката и градежништвото, продлабочување на економските односи и раст на меѓудржавната трговска размена.

Исто така, Сиљановска-Давкова изрази интерес за приклучување кон проектот за извоз на природен гас од Катар во Албанија и Хрватска, со оглед на фактот дека се наоѓаме на оваа рута.

Таа ја нагласи клучната улога на Катар во стабилизирањето на немирниот регион, афирмирајќи се како докажан актер и фактор на мирот. Обајцата манифестираа цврста верба во силата на мирното решавање на споровите, безалтернативноста на мирот и потребата од траен мир како услов за развој.

Шеикот Јасим бин Хамад Ал-Тани, од личното дипломатско искуство во земјава, ја издвои беспрекорната соработка со неколку министерства: Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Министерството за економија.

Соговорниците се согласија дека назначувањето амбасадори на двете земји, во пресрет на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи идната година, ќе отвори нова фаза во соработката, далеку подобра од досегашната.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно...

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation). За Сиљановска –...

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври – Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово. Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната...

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. [gallery...