Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Радев

4 април 2025 | Соопштенија

Денеска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на „Акаба процесот Балкан III“, оствари средба со Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Таа, уште еднаш, нему и на бугарските граѓани им оддаде длабока благодарност за солидарноста изразена преку несебично пружената болничка нега на повредените во трагичниот пожар во Кочани, манифестирајќи искрено пријателство, соседска грижа и хуманост во еден од најтрагичните современи македонски настани.

Обајцата се согласија дека почестата комуникација на бугарските и македонските политичари, но и научници, ученици, студенти, професори, културни дејци, новинари и други категории субјекти ќе ја продлабочи и зацврсти меѓусебната доверба, ќе ги урне предрасудите и ќе има повеќекратен бенефит за граѓаните.

И покрај разликите во идентификувањето на можните излезни решенија за нашата евроинтеграциска блокада, заклучија дека ќе продолжат да дискутираат со добра намера, решени да го надминат проблемот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со НГШ на Германија, генерал Карстен Бројер

Средба на Сиљановска-Давкова со НГШ на Германија, генерал Карстен Бројер

Претседателката и врховна командантка на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска го прими началникот на вооружените сили на Сојузна Република Германија, генерал Карстен Бројер. Сиљановска-Давкова посочи дека посетата...

Проштална средба со амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва

Проштална средба со амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва. Таа му се заблагодари за професионалното и посветено вршење на дипломатската должност, оценувајќи дека дал особен придонес во зацврстувањето на...

ПОВИК ЗА АКРЕДИТИРАЊЕ – Официјална посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму

ПОВИК ЗА АКРЕДИТИРАЊЕ – Официјална посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму

Ве известуваме дека на 21 јули и 22 јули 2026 година, вторник и среда, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна...

Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка

Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, вечерва го прогласи за отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Според неа „Охридско лето“ симболизира и бележи долга и богата меморија и историја, просветителска и просветлувачка...