Сиљановска-Давкова разговараше со Илија Каров, претседател на Кинолошкиот клуб “Македонско овчарско куче – Караман”

2 март 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претседателот на Кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче – Караман“, Илија Каров, по повод условното впишување на расата Караман во регистрите на Светската кинолошка федерација, со што, таа стана дел од семејството на над 380 признати раси кучиња во светот.

Претседателот на Кинолошкиот клуб истакна дека Караман не е само ново име во меѓународните регистри, туку симбол на истрајноста, љубовта и визијата кои повеќе од две и пол децении беа вложувани во афирмацијата на расата.

За обајцата, ова признание е значаен успех за македонската кинологија и за националното културно наследство.

Претседателката упати благодарност до г. Каров и до сите одгледувачи и поддржувачи кои посветено работеа на зачувувањето и признавањето на ова автохтоно македонско овчарско куче.

Таа нагласи дека Караман станува првото признато македонско овчарско куче со самостојно национално потекло, со што, дополнително се потврдува државата како земја со богато и автентично кинолошко наследство.

Според соговорниците, Караман ги отсликува спецификите на руралниот животот во македонските планини, како  силен и достоинствен чувар на стадата, но и  смирен, интелигентен и лојален сопатник на семејството.

Сиљановска- Давкова  сподели и лично искуство, истакнувајќи дека одблиску ја познава природата на оваа раса. „Караманката во мојот дом секојдневно потврдува дека станува збор за куче со изразен заштитнички инстинкт кон  домот и семејството”, рече таа.

Меѓународното признание е поттик за понатамошна грижа и поддршка во насока на трајно меѓународно признавање на расата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на...