Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност: Состојбата во којашто се наоѓаме e стабилна и безбедна

1 март 2026 | Соопштенија

Денеска во Кабинетот на Претседателката се одржа третата седница на Советот за безбедност.

На седницата со којашто претседаваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваа сите членови на Советот за безбедност: Африм Гаши, претседател на Собранието; Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Панче Тошковски, министер за внатрешни работи; Владо Мисајловски, министер за одбрана; преку видео-врска Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија; (по функција), како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов, (именувани од претседателката).

На седницата беа поканети и: началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски; директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

Седницата се фокусираше на безбедносната состојба во земјава по воените дејствија на САД и Израел кон Иран и иранските кон земјите во Персискиот залив, во коишто има американски бази.

Во расправата учествуваа сите присутни, презентирајќи релевантни информации, податоци и сознанија за настаните врзани за воените дејствија и последиците од нив. Дебатата резултираше со генерална оценка за стабилна и безбедна состојба во моментов.

Повеќето дискутанти укажаа на нужноста од постојано будно следење на галопирачките воени дејствија во заливот, како и на неопходноста од засилена активност на инструментите на рано предупредување.

Се нотираше дека посебната грижа за македонските граѓани се остварува преку новоформираниот Кризен штаб во МНРиНТ и ДКП-ата, заради  целосна евиденција на македонските граѓани, коишто бараат дислокација од потенцијално загрозените подрачја.

На внатрешен план, претставниците на Владата декларираа целосна подготвеност и способност за справување со евентуалните економски и енергетски проблеми, предизвикани од војната.

Беше потенцирана потребата од засилени мерки против можни сајбер напади врз институциите и хибридни закани, како и нужноста од зголемена контрола на гранични премини.

Интензивната регионална соработка е од особен интерес за сите држави на Балканот!

Советот заклучи дека продолжувањето и засилувањето на регионалната соработка е од особен интерес за сите држави на Балканот.

Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на претседателката Сиљановска-Давкова по завршувањето на седницата на Советот за безбедност.

Добра вечер на сите, благодарам за интересот.

Иако седницата беше закажана од вчера за денеска, со оглед на  состојбите со кои се соочува светот, сите членови на Советот за безбедност беа присутни. За цело време на седницата учествуваше и министерот за надворешни работи, од Соединетите Американски Држави. Впрочем, и од него ги добивме информациите за растечкиот број на македонски државјани во регионот, кои што, се разбира, по пораката на Министерството за надворешни работи да се обратат до ДКП и да се регистрираат за да ги имаме во предвид за евентуална евакуација, го прават тоа.

Најважно е дека формираниот Кризен центар во рамките на Министерството за надворешни работи е во постојан контакт со сите граѓани и уште еднаш повторувам, се разбира дека луѓето се загрижени. Причината е затвореното небо за прелети. Во некои држави, Катар, на пример, имаше можност за бродски превоз, меѓутоа и тој не функционира. Факт е дека се згрижени, дека се безбедни и дека се во постојан контакт со Министерството за надворешни работи, коешто пак работи на тоа, да најде најдобар начин што е можно најбрзо да може оние кои сакаат да дојдат овде. Тоа е првото.

Второто, што е најважно веројатно за сите нас е дека состојбата во којашто се наоѓаме врз основа на податоците од Агенцијата за разузнавање и од АНБ, и од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а особено од Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, но исто така и од началникот на Генералштабот, може да се оцени како стабилна и како безбедна. Значи, ние не сме во моментов изложени на нестабилност, ниту има опасност по безбедноста внатре и во регионот. Што е друго е важно?

Најважно е дека постои систем на рано предупредување со оглед на координацијата меѓу сите надлежни органи, што е многу важно во постојаното следење на воените состојби. Значи, институциите ги следат состојбите во рамките на надлежноста, ги анализираат, се координираат, информираат, и затоа мислам дека оваа оценка за стабилност и на безбедност е релевантна и важна.

Редовно се врши проценка на ризиците и сите се обврзаа врз основа на добиените податоци и информации да продолжат тоа да го прават. Се разбира, ние сме во координација и со соодветните органи во регионот. Како што знаете, НАТО  сè уште немаше седница посветена на војната, но Советот за безбедност веќе заседаваше. Се разбира дека и регионалните информации ќе ги споделуваме меѓусебе. Седницата беше долга заради темелноста на анализите и на информациите. Може да додадам дека во вакви ситуации размислуваме не само за можното влијание на безбедноста, туку и врз економијата, користењето на енергенсите итн. Во тој поглед, надлежните информираа дека нема проблем. Како што знаете, интерконекторот меѓу Грција и нас веќе е во функција и Владата изрази уверување дека ќе обезбеди покриеност со нафта во рамките на Законот за задолжителни нафтени резерви. Значи, добивме цврсто уверуваење документирано со податоци, дека во моментов нема причини од голема грижа. Се разбира, ќе ги следиме состојбите и соодветно ќе реагираме.

Само уште една реченица. Веројатно знаете дека ширум светот определени објекти како синагоги или седишта на еврејската заедница или Музеј на холокаустот, како кај нас, може да бидат под закана. Затоа, треба да им се посвети посебна грижа и внимание. Добивме информации од надлежните дека ги следат овие процеси и дека се под заштита и контрола овие објекти, што значи не треба да очекуваме изненадување. Се разбира, мислам дека во вакви моменти најдобро е да ги кажеме општите констатации, бидејќи настаните се менуваат со голема брзина. Многу важно е тие да се следат и соодветно да се реагира. Во тоа можеби една од најважните улоги е вашата, новинарската, и јас мислам дека овие денови тоа се одвива како што треба.

Благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими членови на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“. За членовите на одборот, именувањето...

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми

По повод Меѓународниот ден на Ромите, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими истакнати ромски уметници и културни дејци, активни на македонската културно-уметничка сцена и пошироко. Низ отворен и конструктивен дијалог, беа разменети мислења за македонскиот...

Честитка по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Честитка по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Почитувани сограѓани Роми, Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го...

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција

Денеска, на иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Кабинетот се одржа дебата на тема:„Климатски промени - ризици и предизвици“, модерирана од проф. д-р Владо Спиридонов, во својство на член на Советот за безбедност. Во воведното обраќање,...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед. Почитуван д-р Стојанов, Ми претставува особено...