Претседателката Сиљановска Давкова домаќин на Самитот на шефови на држави и влади на ПСЈИЕ

12 јуни 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, утре – 13 јуни 2024 година, четврток, ќе биде домаќин на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), како завршна активност во рамки на македонското претседавање со Процесот под мотото „Премостување на поделбите, градење доверба“.

Во рамки на Самитот е предвиден пленарен состанок на шефовите на делегациите по што ќе следува заедничка прес-конференција на актуелниот, претходниот и идниот претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Агенда:

15:00 – Пречек на шефовите на делегациите од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

15:25 – Фамилијарна фотографија на шефовите на делегациите

15:30 – Пленарна сесија на шефовите на делегациите

18:00 – Прес – конференција на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај

На Самитот, своето учество го потврдија претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи на Република Србија, Марко Ѓуриќ, министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, заменик-министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Иван Кондов, државниот секретар на МНР на Молдавија, Сергеј Михов, државната секретарка на МНР на Романија, Даниела Гитман, амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, заменик управниот директор во Европската служба за надворешни работи на ЕУ, Марко Маковец, генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу и претставничката од Европската Комисија, Ана Везироглу.

Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како форум за регионална соработка е основан во 1996 година и ги вклучува сите 13 учесници од југоисточна Европа со цел изнаоѓање на решение за регионалните прашања, јакнење на добрососедските односи, промовирање на дијалог и соработка и поттикнување на европската и евроатлантската интеграција на земјите од Југоисточна Европа. Во таа насока, главните цели на ПСЈИЕ се унапредување на политичката и безбедносната соработка, поттикнување на економската соработка и проширување на соработката во областа на човековите права, демократијата и правдата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед по повод Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед. Почитуван д-р Стојанов, Ми претставува особено...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу со седиште во Букурешт,  Глорија дел Кармен Оливарес. Сиљановска-Давкова истакна дека двете држави веќе 20 години градат пријателски...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков. Сиљановска-Давкова изрази уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон...

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ одржаа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“: Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма

Сиљановска-Давкова и Милатовиќ одржаа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“: Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, пред студенти, професори и други заинтересирани, одржаа заедничко предавање посветено на евроинтеграциите. [gallery...

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

Во рамки на официјалната посета на црногорскиот претседател, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ одржаа заедничка прес-конференција. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова. [gallery...