Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по повод смртта на Митрополитот Тимотеј

25 ноември 2024 | Соопштенија

Со длабоко жалење ја примив веста за упокојувањето на почитуваниот Митрополит г. Тимотеј. Неговата смрт е голема загуба за Македонската православна црква- Охридска Архиепископија, но и за сите православни верници.

Митрополитот Тимотеј беше докажан и почитуван духовен водач и учител, кој животот  им  го посвети на црквата, на верата и на спасението на своите верници.

Со посветеностa на Божјата работа, со мудроста и со неуморниот труд,  постојано ја зацврстуваше верата, го водеше народот по Божјиот пат и ја помагаше духовната и материјална изградба на црквата, како во татковината, така и во дијаспората.

Важеше за исклучителен свештеник и учител во Богословијата.

Целосно ѝ се посвети на  архипастирската служба во Австралија и Дебарско – Кичевската Епархија.

Неговата решителност во заштитата и унапредувањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е непроценлив придонес кон македонското духовно наследство.

Нека Бог му дарува вечен спокој.

Вечна му слава,

Гордана Сиљановска Давкова 

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со згрижувачи и деца од СОС Детско село

Средба на Сиљановска-Давкова со згрижувачи и деца од СОС Детско село

По повод 1 Јуни - Меѓународниот ден на детето и Денот на згрижувачките семејства, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими дечиња и претставници на згрижувачките семејства од СОС Детско село, како и дел од раководството на организацијата. [gallery...

Сиљановска-Давкова свечено го отвори 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Сиљановска-Давкова свечено го отвори 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вечерва во Прилеп, го прогласи за отворено 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Јубилејниот фестивал започна со изложба „60 години Војдан Чернодрински – Прилеп“ во рамките на којашто на...

335 основци учествуваа на церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

335 основци учествуваа на церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден" од Крива Паланка и „Љубен Лапе", „Ацо Шопов", „Лазо Трповски " и „Киро Глигоров“ од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот...

Сиљановска-Давкова: Размената на добрите практики може да придонесе за поуспешни регионални политики за Ромите

Сиљановска-Давкова: Размената на добрите практики може да придонесе за поуспешни регионални политики за Ромите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Вељко Кајтази, претставник на 12 национални малцинства во Хрватскиот сабор и делегација на Сојузот на Ромите од Хрватска „Кали Сара“, предводена од претседателката Сузана Крчмар. Претседателката Гордана...

Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба на дела на македонски уметници „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“

Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба на дела на македонски уметници „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“

Во рамките на официјалната посета на Словачката Република, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, посветена на духовното и културното наследство на...