Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по повод смртта на Наде Проева

8 ноември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази сочувство по повод смртта на Наде Проева.

Со голема тага и чувство на празнина ја примив веста за смртта на еминентната историчарка и универзитетска професорка Наде Проева.

Ми недостигаат соодветни зборови за изразување на тежината на загубата за науката, но и за Македонија.

Беше врвна историчарка на антиката, вклучувајќи ја и антиката на Македонија. Предаваше и истражување на престижни универзитети, објавувајќи во реноминирани часописи. Ја цитираа ценети историчари. Важеше за професорка со остра и јасна мисла, имаше бескропомисен карактер, пленеше со критичкиот ум и немирен дух. Беше препознатлива, единствена, посебна, храбра, незаборавна.

Среќна сум што ја познавав и имав прилика да споделувам ставови со неа.

Со смртта на нашата Наде, изгуби историската наука, историчарите, но и Македонија која толку силно ја сакаше и бранеше со мисли и збор.

Многу ми недостига, но најмногу ќе им недостига на историчарите и на студентите. Едно е сигурно: ќе остане во нашите мисли и сеќавања.

Нека почива во мир.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата...

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...