Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претставници на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица

15 јули 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими Томица Стојановски, претседател на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков, член на Извршниот одбор на Сојузот, како и толкувачката на знаковен јазик, Лиза Велковска.

Претставниците на Сојузот на средбата ја информираа претседателката Сиљановска Давкова со нивните тековни активности со кои ги остваруваат правата и потребите на околу 7 илјади луѓе со оштетен слух. Истакнаа дека организацијата во континуитет се залага за подигнување на свеста за постоење на оваа група граѓани и нивно прифаќање во општеството и во социјално-културниот живот. Во насока на полесна едукација и вработување на лицата со оштетен слух, од Сојузот посочија дека организираат и спроведуваат обуки за изучување на знаковниот јазик, како и дека поттикнуваат иницијативи за поголема примена на знаковниот јазик. Во државата, според нив, има 38 сертифицирани толкувачи на знаковен јазик, кои што на луѓето со оштетен слух им ја олеснуваат комуникацијата со институциите.

Искажувајќи поддршка за сите нивни заложби, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека Кабинетот и таа лично безрезервно ќе соработуваат со Националниот сојуз со крајна цел – поголема афирмација и примена на знаковниот јазик, кој на глувите и наглуви лица им е потребен во секојдневната комуникација. На тој начин, потенцираше Сиљановска Давкова, ќе се зголеми социјалната инклузија на оваа ранлива група наши сограѓани.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно...

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation). За Сиљановска –...

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври – Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово. Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната...

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. [gallery...