Претседателката Сиљановска Давкова: Инклузијата на лицата со попреченост не е само потреба, туку општествена одговорност. Да скицираме иднина во која имаат поддршка и можност за личен и професионален развој

8 ноември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку видео порака се обрати на Меѓународна научно-стручна конференција „75 години ‒ организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во Република Северна Македонија“, што се реализира во организација на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска Давкова.

Почитувани специјални едукатори и рехабилитатори,
Почитувани истражувачи, медицински лица, родители и сите вклучени во оваа хумана и благородна мисија,

Со особена чест и длабока почит ви се обраќам на овој важен јубилеј – 75 години од отворањето на првата врата за образованието за рехабилитација на лицата со попреченост.

Одбележуваме 75 години напорна работа, посветеност и истрајност, години на упорност и љубов, години што не се само бројки, туку и сведоштво за секој ваш чекор во градењето подобро и поправедно општество.

Денеска ја славиме долгогодишната работа на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори ‒ организација којашто со децении се стреми да ги подобри условите за лицата со попреченост, за нивните родители и семејства. Ви благодарам што го поставивте камен-темелникот за инклузија во македонското општество и што секојдневно работите против дискриминацијата.

75 години, не се само време зад нас, туку и докажана инспирација за промена на хендикепираната држава што се откажува од потенцијалот на многу луѓе.

Денеска, сите заедно, вие и јас, имаме заедничка мисија: Да скицираме иднина во која лицата со попреченост ќе имаат поддршка и можност за личен и професионален развој.

Почитувани учесници на оваа конференција,

Јубилејот е вистински момент за соочување и за прифаќање на предизвикот за промени!

Конференцијава е одлична можност за откривање на начините за унапредување на дијагностиката и на рехабилитацијата, осовременување на едукацијата и обезбедување средства за овие цели.

Вашата посветеност докажува дека инклузијата не е само потреба, туку општествен императив да градиме држава без препреки, во која сите, без исклучок, ќе се чувствуваат како рамноправни граѓани.

Секое дете, секој млад човек, секое возрасно лице со попреченост е личност и заслужува квалитетна едукација, поддршка и сигурност. Многу семејства во Македонија секојдневно се соочуваат со предизвиците на воспитување деца со попреченост, а нашиот систем е должен да ги поддржи, да им понуди грижа и ресурси, да создаде услови секој човек да биде ценет.

Го охрабрувам секој едукатор, секој рехабилитатор, секој родител и секој застапник на правата на лицата со попреченост да продолжи со напорната и хумана работа во градењето општество без препреки и стереотипи за лицата со попреченост, општество во кое ќе се чувствуваат прифатени и уважени.

Горда сум на вас и на вашиот исклучителен придонес. На ред сме ние, кои ја претставуваме државата да посегнеме по реформи што водат кон поголема партиципација на лицата со попреченост во процесот на одлучување и нивна општествена интеграција.

Критички и самокритички да се соочиме со успесите и неуспесите во овие 75 години. Да ја преземеме одговорноста. Да прифатиме нови идеи во креирањето решенија. Да ги слушаме внимателно најупатените и најпосветените во проблемите на лицата со попреченост, но и самите нив.

Ви благодарам за неуморната работа којашто ве прави големи во моите очи, но и во очите на лицата со попреченост. Ви благодарам за несебичноста, за хуманоста.

Ви посакувам плодна работа чиишто резултати ќе ни помогнат нам, одговорните, да ја надминеме сопствената попреченост да ги согледаме вашите горливи проблеми и заедно со вас да ги решаваме!

Ви благодарам.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата...

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...