Средба на Сиљановска-Давкова со Ален Берсе, Генерален секретар на Советот на Европа

11 октомври 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Венеција оствари средба со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе во пресрет на одбележувањето на 35-годишнината од постоењето на Венецијанската комисија.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби на европскиот континент. Соговорниците се согласија дека, како најстара и најрепрезентативна европска институција, Советот на Европа има легитимитет да се вклучи во наоѓањето решенија за современите геополитички предизвици. Во тој контекст, генералниот секретар Берсе порача дека во време на зголемена милитаризација на континентот и назадување на демократијата, неопходно е да се зајакнат демократските институции.

Претседателката го поздрави Новиот демократски пакт за Европа на Советот на Европа, оценувајќи дека иницијативата може да помогне во зајакнувањето на демократската консолидација на европските држави заради нивна поголема отпорност на растечките авторитарни тенденции.

Осврнувајќи се на македонските евроинтеграции, претседателката истакна дека, поради билатерализацијата, интегративниот процес, наместо да значи исполнување на Копенхагенските критериуми, се злоупотребува за да се наметне ревизија на историјата. Според неа, исполнувањето на обврските и препораките на Советот на Европа и Венецијанската комисија, како и пресудите на Европскиот суд за човекови права треба да бидат обврска на секоја од земјите-членки.

Во однос на земјите од Западниот Балкан, генералниот секретар Берсе посочи дека ако не се отфрлат двојните стандарди, Европската Унија ќе ја изгуби не само кредибилноста, туку и можноста да дејствува во регионот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...