Средба на Сиљановска-Давкова со Марк Кулс, претседател на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа

11 октомври 2025 | Соопштенија, Средби

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Венеција оствари средба со Марк Кулс, претседател на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа.

Како едно од најважните тела на Советот на Европа коешто ги обединува локалните власти од 46 земји-членки, Конгресот е насочен кон зајакнувањето на локалната самоуправа и демократијата.

На средбата се разговараше за досегашната соработка на Конгресот со нашата држава и реализираните проекти.

Како долгогодишен член на Групата на независни експерти и нејзин потпретседател во два мандати, Сиљановска-Давкова се согласи со Кулс дека живееме во време што бара ангажман во зајакнувањето на локалната самоуправа и демократија во земјите-членки на Советот на Европа. Развојот на демократијата на централно ниво е неможен без развојот на демократијата на локално ниво, беше посочено на средбата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. [gallery...

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Ве известуваме дека на 31 март 2026 година, вторник, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна до 30 март 2026 година,...

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции. Во обраќањето таа го оцени нашиот...

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...