Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ

28 ноември 2024 | Соопштенија, Средби

 

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.

На средбата беше изразено задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу двете земји кои ги карактеризира традиционално силно пријателство, без отворени прашања, со идентични ставови на билатерален, регионален и на мултилатерален план, при што, остварената соработка е пример за добрососедски односи во регионот.

На средбата беа потврдени и заедничките стратешки цели – мир и стабилност во регионот и членство во ЕУ, како и соработката и сојузништвото во рамките на НАТО Алијансата.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна важноста на динамизирањето на парламентарната соработка со којашто двете земји ја покажуваат својата посветеност на демократскиот развој и регионалната стабилност поставувајќи пример за успешна соработка во Западен Балкан.

Во насока на унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека економската, регионалната и соработката во европските интеграции се областите во кои ќе треба поинтензивно да работат и да се фокусираат двете држави.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“

 Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставничките на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“, во состав: Ана Дукоска, Анета Механджијска и Славица Јанкова. На средбата се разговараше за претстојната...

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување (ин- витро) „До бебе по патот на ин - витро“, во состав Деспина Петровска, претседател и членови Наташа Ѓорѓиева Божинов и Марија...

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската Комисија

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската Комисија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, која е во посета на земјава. Најпрво, Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност за растечкиот интерес и посветеност на Европската унија...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претставници на Националниот молитвен појадок, којшто е посветен на разбирањето, простувањето, помирувањето и заедништвото преку заедничка молитва. За првпат, во 1953 година, претседателот Ајзенхауер...

Сиљановска-Давкова до бруцошите: Вреди да се студира, предава и живее на УКИМ, како заеднички дом на професорите и на студентите

Сиљановска-Давкова до бруцошите: Вреди да се студира, предава и живее на УКИМ, како заеднички дом на професорите и на студентите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свеченоста по повод почетокот на новата академска 2026/2027 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. [gallery...