Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија: Обврзани сме да помагаме во решавање на проблемите

17 јуни 2025 | Соопштенија

За време на работната посета на Република Албанија, каде што учествуваше на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонското национално малцинство во оваа земја.

Таа беше информирана за нивната состојба и за односот на албанските институции кон нив, на државно и на локално ниво, како и за досегашните иницијативи и планирани активности за зајакнување на националната и културната самобитност.

Претседателката вети дека матичната држава ќе продолжи да вложува напори за да ги подобри нивните права и да ги зацврсти врските со татковината.

На средбата присуствуваа: Марјана Костофски-Фелах, претставничка на македонското национално малцинство и членка на Комитетот за национални малцинства при Владата на Албанија; Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска Алијанса за европска интеграција – единствената партија на Македонците во Албанија; Незир Меча, потпретседател на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, Славица Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана и дипломати на македонската амбасада во оваа држава.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство што изворно може да ги чуе релевантните претставници и со нив да разговара за одлуката на албанските власти за утврдување на критериумите, документацијата и постапките за собирање на податоци за идентификација на лица кои припаѓаат на националните малцинства која важи и за Македонците во Албанија.

Укажувајќи дека со одлуката се утврдени критериумите коишто ќе им овозможат на сите, слободно да ги изразат националната припадност и јазикот на којшто зборуваат, таа рече дека токму припадниците на македонското национално малцинство се засегнати од оваа постапка.

Претседателката Сиљановска-Давкова на средбата постави повеќе реторички прашања:

Кој би бил проблемот да го правите вие она што сите држави го прават во однос на националните малцинства во поглед на издавањето на државјанство на пример?

Кој е проблемот вие да отворите повеќе гранични премини?

Кој е проблемот вие на пасошите на кои им е истечен рокот, да им го продолжите рокот?

Кој е проблемот вие, како држава да интервенирате во доделувањето на пасоши на луѓе коишто имаат потреба од тоа? Тоа го прават сите во нашиот регион, ама го прават и во светот.

Таа запраша и кој е проблемот да помогнете понекогаш во изучувањето на македонскиот јазик? Да отворите повеќе лекторати. Кој е проблемот онаму каде што има припадници на македонското малцинство да отворите конзулат?

Претседателката смета дека тоа не е голем проблем затоа што се работи за проблеми поврзани со идентитетот.

На прашањето дали како претседателка ќе иницира, ќе помогне во решавање на нивните барања, таа рече дека не би била таму ако не дошла со цврста намера, не само да ги сослуша, туку и да ги пренесе нивните проблеми до надлежните.

Претседателката порача дека имаме добри односи со Република Албанија, имаме разбирање, и во рамките на ова разбирање, треба да продолжиме онаму каде што некој застанал и направил грешка, кога морал да биде уште поактивен. Ние сме тука обврзани да помагаме.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Претседателката се заблагодари за гостопримството и за можноста...

Сиљановска-Давкова повика на изградба на демографски отпорно општество

Сиљановска-Давкова повика на изградба на демографски отпорно општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Светскиот самит на владите во Дубаи, како главен говорник на сесија посветена на демографските промени. Говорејќи за падот на бројот на населението, посочи дека нашата држава и регионот се соочуваат со...

Сиљановска-Давкова во Дубаи се обрати на Глобалниот форум за владини регулативи и правда

Сиљановска-Давкова во Дубаи се обрати на Глобалниот форум за владини регулативи и правда

Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на...

Интервју на претседателката Сиљановска-Давкова за МКД.мк

Интервју на претседателката Сиљановска-Давкова за МКД.мк

Треба да се апстрахираме од измислениот пат кон Брисел и да се фокусираме на европеизацијата, да се самоевропеизираме Европеизацијата не е статус, туку процес што се темели на реформи, а Македонија со години ја губи суштината фокусирајќи се на формални уставни измени...

Средба на Сиљановска-Давкова со швајцарскиот претседател Пармелан во Дубаи

Средба на Сиљановска-Давкова со швајцарскиот претседател Пармелан во Дубаи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан. На средбата беше реафирмирано високото ниво на...