Средба на претседателката Сиљановска Давкова со унгарскиот амбасадор, Андраш Клајн

18 јуни 2024 | Соопштенија, Средби

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн.

На средбата беше поздравен интензивниот политички дијалог и изразена подготвеност за натамошна успешна соработка меѓу двете земји на билатерален и мултилатерален план.

Претседателката се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка од Унгарија како гласен поддржувач на македонската европската интеграција, што претставува наш стратешки и национален интерес и ги поздрави приоритетите на унгарското претседавање со Европската Унија и најавите во однос на политиката на проширувањето.

Во таа насока, беа разменети информации околу текот на македонските евроинтеграции, при што претседателката го истакна очекувањето дека процесот на пристапување во Европската Унија ќе биде евалуиран праведно, врз основа на Копенхагенските критериуми.

Соговорниците разговараа и за соработката во сферата на образованието, науката, одбраната и транспортот, при што претседателката изрази надеж дека во наредниот период дополнително ќе се продлабочи започната соработка помеѓу државните и високообразовните институции на двете земји.

На средбата беа посочени можностите и за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и зголемување на трговската размена.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески

Средба на Сиљановска-Давкова со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со  гувернерот на Народната банка, Трајко Славески кој ја информираше за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика. [gallery...

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон. На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска...

Сиљановска-Давкова им порача на учесниците на Медитеранските игри во Таранто: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки

Сиљановска-Давкова им порача на учесниците на Медитеранските игри во Таранто: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Таранто, Италија, го посети Медитеранското (олимписко) село и се сретна со македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри. Таа, во обраќањето пред учесниците посочи дека спортот е повеќе од...

Присуство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворање на 20. Медитерански игри во Италија

Присуство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворање на 20. Медитерански игри во Италија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на свеченото отворање на 20. Медитерански игри, коишто се одржуваат во Таранто, Италијанската Република. Таа денеска ќе го посети Медитеранското (олимписко) село каде ќе оствари средба со македонските...

Сиљановска-Давкова се обрати на Амбасадорскиот совет

Сиљановска-Давкова се обрати на Амбасадорскиот совет

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Скопје се обрати на Амбасадорскиот совет. Според неа, во новата мултиполарна реалност мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас. Таа потсети...