Претседателката Сиљановска Давкова го прими специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич

16 декември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич.

Средбата се одржа во духот на долгогодишното пријателство меѓу двете земји, со фокус на билатералните односи, соработката во рамките на НАТО и процесот на интеграција во Европската унија.

Потенцирајќи ја јасната стратешка цел на земјава за пристапување кон европското семејство, Претседателката ја нагласи посветеноста за доследно исполнување на европските критериуми.  Нагласувајќи дека интеграцијата во ЕУ треба да се базира на конструктивен пристап и заемна добра волја, таа посочи дека процесот на пристапување е обременет со непрекинати барања и предизвици, кои ја попречуваат нашата кандидатура и го оптоваруваат народот.

Во таа насока, Претседателката истакна дека билатерализацијата на процесот на проширувањето претставува штетен преседан за сите земји-кандидати и дека нашите идентитетски прашања се веќе дефинирани и преговарањето за нив е спротивно на основните европски принципи и вредности.

Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи значајната улога на Обединетото Кралство во обезбедување на безбедноста и стабилноста на регионот и се заблагодари за континуираната поддршка на македонските аспирации за влез во Европската унија.

Специјалниот пратеник Пич ја истакна улогата на нашата земја како значен партнер во НАТО Алијансата. Во контекст на состојбите во Европа и регионот, тој изрази загриженост поради порастот на националистичката реторика на регионален план и ја потенцираше потребата од помирување и дијалог во услови на турбулентни времиња и војна на европско тло.

На средбата беа разменети мислења за клучните безбедносни прашања во регионот и Европа, како и за влијанијата на геополитичките трендови во меѓународните односи врз нашиот регион.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех

Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими членовите на машката и женската кадетска ракометна репрезентација, кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци, одржано во Скопје, постигнаа историски успех: машката кадетска селекција го освои...

Изјава за медиуми и одговори на новинарски прашања по настанот „Ден на македонската адвокатура“

Изјава за медиуми и одговори на новинарски прашања по настанот „Ден на македонската адвокатура“

Претседателката Сиљановска-Давкова: Прво, не случајно адвокатурата е уставна категорија. Второ, не случајно Павел Шатев е тој којшто е еден од тие што ги потпишал првите акти , се однесувале на адвокатурата. Тоа значи, адвокатурата е незаменлива во одбраната на...

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на граѓанското здружение „САНО“

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на граѓанското здружение „САНО“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Народната канцеларија во Скопје се сретна со претставници на граѓанското здружение „САНО“, коешто ги обединува родителите и децата кои го победиле, или сè уште се борат со канцерот. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“

Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“

Во Народната канцеларија во Скопје, денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“. На средбата присуствуваа Владо Томески,...

Изјава за медиуми и одговори на новинарски прашања по средбата со бугарската претседателка Илијана Јотова во Софија

Изјава за медиуми и одговори на новинарски прашања по средбата со бугарската претседателка Илијана Јотова во Софија

Новинарско прашање: Заврши средбата со вашата колешка Jотова, што разговаравте? Претседателката Сиљановска-Давкова: Средбата беше отворена и сите ги искажавме сопствените позиции. Се разбира, секојпат и разговор почнува некаде и некогаш. Денес го започнавме и ние овој...