Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на Свечената академија по повод 65 години од формирањето на ФЕИТ

18 јуни 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на Свечената академија по повод 65 години од формирањето на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека ФЕИТ со севкупната работа која вклучува проекти, истражувања, иновации и следење на глобалните образовни и научни текови, неспорно е дека е успешен и релевантен пример на добри образовни и научни практики и важи за пионер во создавањето профили на кадри, соодветни на новите потреби на третиот милениум.

Честитајќи за постигнатите резултати, Претседателката рече дека тоа се и резултати коишто ги преминуваат нашите национални граници и се препознаени и вреднувани од меѓународната академска јавност. Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека и во време на економска криза, македонската ИТ индустрија бележи континуиран раст. Оправдано, ФЕИТ денес е еден од најпопуларните факултети кај младата популација.

„Но, ако се стремиме кон успешна дигитална иднина, не смееме да заборавиме на нашиот најголем предизвик: мораме да ја задржиме тука, дома, младата, дигитална генерација“, нагласи претседателката Сиљановска Давкова додавајќи дека за да го спречиме одливот на мозоци, како еден од најголемите ризици за идниот развој на науката, потребни ни се севкупни и темелни реформи во државата, и пред сè, во високото образование.

Претседателката порача и дека не смееме да заборавиме дека наша примарна цел се конкурентното образование и наука, а тоа подразбира инвестирање во истражувањето и во развојот на современите технологии.

„Треба да им помогнеме на младите инженери и програмери да се вклучат во македонските иновациски системи, кои што привлекуваат инвестиции и ги задржуваат дома. Мора да ги следиме глобалните трендови што го диктираат развојот на националните економии и придонесуваат за благосостојбата и напредокот на целото општество“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Говорејќи дека целта на образованието е да се образуваат кадри што ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот и со својот индивидуален успех, ќе придонесуваат за колективниот македонски успех, Претседателката нагласи дека ако не вложуваме во нивната сегашност, не можеме да вложуваме ни во нивната иднина, ниту во економската иднина на нашата земја.

„Со задоволство можам да кажам дека ФЕИТ, како членка на УКИМ, има сериозен придонес во осовременувањето на наставно – образовниот процес, во создавањето на технолошки лидери и во јакнењето на врските со македонското стопанство“, оцени претседателката Сиљановска Давкова.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на...