Средба на Сиљановска-Давкова со реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан

12 јануари 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан.

Навраќајќи се на богатото музичко творештво коешто го имаат зад себе, тие со претседателката ја споделија иницијативата за проектот „7/8 – Македонската ритмика“, чија цел е зачувување, афирмација и меѓународна промоција на еден од највредните столбови на македонскиот идентитет – македонската музичка ритмика.

За нив, специфичните непарни ритми, особено седум осминскиот, но и 9/8, 11/8, се знак за препознавање на македонскиот народ и на Македонците и истите треба соодветно да се заштитат.

Претседателката го дели мислењето на музичкото трио за потребата да се негува и штити автентичното македонско наследство, потенцирајќи дека македонскиот мелос е неспорен доказ за нашата посебност.

Изразувајќи особена почит за проектот, Сиљановска-Давкова искажа подготвеност за поддршка на идеите и иницијативите од културен и национален интерес.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....