Сиљановска-Давкова: Со донацијата во Хидробиолошкиот завод – Охрид, ТИКА повторно на дело го докажа турско-македонското пријателство

20 декември 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид, заедно со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, присуствуваше на примопредавањето на донацијата на Хидробиолошкиот завод – Охрид од страна на Турската агенција за развој и соработка, ТИКА.

Покрај теренско возило, ТИКА овозможи темелно реновирање и опремување на лабораториските и помошните простории во одделенијата за фитопланктон и за зоопланктон. Со тоа, како што истакна претседателката, ќе се надминат хроничните проблеми со коишто се соочува Хидробиолошкиот завод – Охрид. Таа искажа благодарност до пријателска Турција и до ТИКА за благородниот чин на поддршка на науката и заштитата на Охридското езеро. Истовремено, Сиљановска- Давкова ги поттикна државните институции да го следат примерот на ТИКА.

„Очекувам, оваа важна поддршка, да ја инспирира државата, бидејќи таа е најодговорна, да има свој удел во кадровското доекипирање на 10-те одделенија“, додаде претседателката.

За неа, потегот на ТИКА отвора простор за поширока и подлабока македонско-турска соработка и во други области: во економијата, во образованието, во културата и во туризмот.

Директорката на Хидробиолошкиот завод – Охрид, Орхидеја Тасевска истакна дека донацијата на ТИКА за нив претставува нов импулс за натамошна посветена и одговорна научна работа.

За претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, денешната церемонија ги зацврстува пријателските македонско-турски односи.

Амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој потенцираше дека двете земји имаат традиција на добри односи. Истакнувајќи дека во Охрид, заедно живеат Македонци, Турци, Албанци и други, изрази подготвеност и натаму да придонесуваат за заштита на градот и природните убавини.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Само да посочам – ако овде пишува „From the heart of the Turkish people“, навистина оваа поддршка за мене е „Heart breaking support“. И уште еднаш од срце, ви благодарам.

Не знам кој е повозбуден денеска, дали директорката или јас.

Почитуван претседател на ТИКА, г. Абдула Ерен,

Почитуван амбасадор на Република Турција, Фатих Улусој,

Почитувана директорке,

Почитувани присутни,

Почитуван претседател на Советот на Охрид,

Почитуван почесен конзул,

Навистина особено задоволство ми е што денеска сум овде.

Пред само три месеци беседевме во грандиозната „Св. Софија“, славејќи 90 години од основањето на Хидробиолошкиот завод, најстарата македонска научноистражувачка институција. Се навративме на историјата, на големите успеси, ги нотиравме и предизвиците со кои се соочува оваа важна институција.

Оваа донација уште еднаш покажува и докажува дека науката и етиката се неразделни. И овој потег на ТИКА јас го сметам за етички потег, за разбирање што значи науката, не само за вработените, туку и за мене, туку и за нив.

Се радувам и очекувам, токму благодарение на донацијата на ТИКА, од страна на пријателска Република Турција, да се надминат големите проблеми со коишто се соочува Хидробиолошкиот завод – Охрид.  Се работи за вредна донација, за вредна инвестиција насочена кон реновирање и опрема на лабораториските и помошните простории, колку што бев информирана и во одделението за фитопланктон и во одделението за зоопланктон, како и веќе споменатото теренско возило.

ТИКА уште еднаш докажа на дело, не на зборови само, голема поддршка, не само на Институтот, туку на македонските граѓани, на македонската држава, за што сум им повторно благодарна.

Се разбира, останува, како што веќе рече претседателот на ТИКА, простор и за поширока и за подлабока македонско-турска соработка и во многу други области, и во економијата, во образованието, во културата повторно, во туризмот, и се разбира сето тоа, ќе го зацврсти нашето и така цврсто пријателство.

Очекувам, оваа важна поддршка, да ја инспирира државата, бидејќи таа е најодговорна, да превземе свој удел во инвестирањето и во кадровското доекипирање на 10-те одделенија, бидејќи секое од нив има свои потреби и приоритети, покрај заедничките!

На крајот, на Институцијата, односно на вработените им посакувам добро физичко и духовно здравје, неопходни за големи образовни и научни успеси.

На ТИКА ѝ посакувам да ја продолжи хуманата и благородна мисија, а на сите им посакувам чисти езера, чисто езеро со здрава флора и фауна! Езерото е постаро од нас, езерото сме го наследиле и треба да им го оставиме на идните генерации.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум. Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот...

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на проштална средба го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал. Таа му изрази благодарност за неговиот личен ангажман, посветеност и придонес во јакнењето на капацитетите на националните...

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година. Соговорниците се согласија...

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“, посветена на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. [gallery...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...