Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

1 октомври 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на свеченоста по повод почетокот на новата академска 2024-2025 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во своето обраќање на првиот академски час, пред бруцошите од сите факултети при Универзитетот, претседателката Сиљановска Давкова нагласи дека образовниот процес е сократов процес во кој студентите и професорите учат едни од други.

„Секогаш сум мислела дека Универзитетот е вистинско место за бунтовни луѓе и дека ние треба да ја поттикнуваме таа бунтовност. Не мислам на бунтовност врзана за војни, мислам на бунтовност во знаењето, мислам за прашања, за вулкан од прашања, мислам за потрага по одговори, мислам за потрага по знаење. Ако не го качиме процентот за истражување и за образование, тогаш и себе и вас ве ограничуваме“, истакна претседателката Сиљановска Давкова.

Како универзитетска професорка, претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство што пред себе гледа амбициозни млади луѓе жедни за знаење, наука и за промени.

„Инвестицијата во образованието и во знаењето е најдобрата инвестиција, знаењето ќе ве направи не само компетитивни, знаењето ќе ве направи подобри, посмирени, потолерантни, поумерени, со разбирање за сите други“, рече претседателката.

Претседателката Сиљановска Давкова во своето обраќање се осврна и на автономијата на Универзитетот, како клучен предуслов што гарантира вистински натпревар и негување на критичен ум.

„Кога зборувам за автономијата не мислам само на автономија во организацијата, не мислам само на автономија на програмите, мислам и на финансиска автономија, оти кога ги гледам овде колешките и колегите знам дека вложувањето во нив е вистинското вложување“, порача претседателката Сиљановска Давкова.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“. Сиљановска-Давкова се обрати на панел...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026 година, четврток, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија,...

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во...

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија. [gallery...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска - 11 ноември 2026 година, среда, во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени....