Сиљановска-Давкова ќе учествува на 80. Генерално собрание на ОН

21 септември 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави по повод учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на генералната дебата и ќе учествува на повеќе самити, лидерски форуми и состаноци на високо ниво, што се одржуваат по повод 80. Генерално собрание на ОН. Претседателката ќе оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, а предвидени се и други билатерални средби со светски лидери.

Темата на годинашната сесија е „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“.

За време на работната посета на САД, претседателката ќе го посети и Детроит.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова разговараше со македонските мировници:  Не е случајна огромната доверба на граѓаните во Армијата

Сиљановска-Давкова разговараше со македонските мировници: Не е случајна огромната доверба на граѓаните во Армијата

 Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, преку видео-конференциска врска им се обрати на македонските мировници. Во присуство на нивните семејства, таа на припадниците на Армијата,...

Претседателката Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година

Претседателката Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година

Претседателката Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година. Лауреати на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година се авторите...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање - Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Епарх Струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар....

Обраќање во Собранието на претседателката Сиљановска-Давкова

Обраќање во Собранието на претседателката Сиљановска-Давкова

Почитувани граѓани, Почитуван Претседател на Собранието, г. Гаши, Почитуван Претседател на Владата, г. Мицкоски, Почитувани пратеници во Собранието, Почитувани министри, Ценети претставници на судската власт, Почитувани претставници на верските заедници, Почитуван...