Претседателката Сиљановска Давкова во Прилеп учествуваше во дискусијата „Инспиративни разговори за волонтерствотo“ по повод 5 Декември – „Меѓународниот ден на волонтерството“

5 декември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод 5 Декември – „Меѓународниот ден на волонтерството“  учествуваше во дискусијата на тема „Инспиративни разговори за волонтерството“, што се одржа во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп.

Во дискусијата, своите лични успешни приказни ги споделија младите волонтерки Александра Јосифоска и Ангела Стојческа, новинарката Елизабета Филипоска и актерот Игор Трпчески, кои ја потенцираа важноста на хуманоста, солидарноста и доброволното помагање.

Претседателката Сиљановска Давкова во разговорот со младите истакна дека волонтерството не треба да биде епифанија, туку секојдневие и дека на младите треба да им се даде можност да растат и учат преку волонтерство, носејќи им не само образовни поени, туку и лично изградување и развивање на вистински вредности.

Потенцирајќи дека хуманоста, како наш највисок идеал, треба да претставува водилка, таа посочи дека во секој од нас лежи исконската потреба да помогне на другиот, и токму во тој момент, кога ќе подадеме рака, се очовечуваме. „ Кога правиме добро, се создава хармонија – во нас и околу нас. Тоа е синергија која ги надминува границите на личното и се прелева во колективното“, порача претседателката Сиљановска Давкова.

На настанот, во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА, учествуваше и градоначалник на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата...

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...