Порака од претседателот Пендаровски по повод 26 Ноември, Меѓународниот ден на професорите по француски јазик

26 ноември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски упати порака по повод 26 Ноември, Меѓународниот ден на професорите по француски јазик.

Во продолжение e интегралниот текст на пораката

Дозволете ми Вам, професорите, наставниците, научните работници и сите оние кои за своја животна мисија го имаат избрано изучувањето и ширењето на францускиот јазик и култура, да Ви го честитам 26 Ноември, Меѓународниот ден на професорите по француски јазик.

На јазикот на Молиер се создадени многу капитални дела на човековиот ум и дух. На овој јазик се испратени највредните хуманистички пораки – за слобода, еднаквост и правда, со векови, водечки идеи за правата на човекот и за ослободување и еманципација на народите.

Оваа година, Меѓународниот ден на професорите по француски јазик го одбележуваме во годината кога славиме половина столетие од формирањето на Меѓународната организација на Франкофонијата, организација вредна за почит, чија мисија е да ги поврзува луѓето и државите кои го почитуваат францускиот јазик.

Го одбележуваме и во специфични услови, поради пандемијата со ковид-19. Но, независно од ограничувањата наметнати од епидемиолошката состојба, со ист ентузијазам како и порано го прославуваме учењето на јазикот кој во себе носи и универзална порака на надеж, солидарност и сплотеност во различностите. Ова е дотолку поважно за нас затоа што и нашето општество е мозаик на јазиците на сите заедници кои живеат заедно во Северна Македонија.

Немам воопшто дилема дека францускиот јазик и култура кои се изучуваат и во формалното и во неформалното образование кај нас, ќе останат инспирација за откривањето на нови хоризонти на јазично и културно поврзување во светот кој навистина станува се помал, но, во кој богатството на културна и јазична разновидност секогаш ќе биде немерлива вредност.

Нека ви е честит овој ден, ви посакувам уште многу години на успеси.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...