Обраќање на претседателот Пендаровски на регионалната презентација на Извештајот за човеков развој на УНДП

17 декември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на регионалната презентација на Извештајот за човеков развој подготвен од УНДП, којашто се одржа онлајн.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски се осврна на влијанието на пандемијата на Ковид-19 врз здравствените, економските, образовните и социјалните аспекти на човековиот развој и нивното успорување, како резултат на оваа системска криза.

Во однос на шоковите коишто ги предизвика пандемијата, претседателот Пендаровски посочи на проценките на Меѓународниот монетарен фонд, според кои 100 милиони луѓе во светот ќе бидат турнати во екстремна сиромаштија, а сериозни последици ќе има и повременото парализирање на образовниот систем.

Претседателот Пендаровски исто така потенцираше дека пандемијата е можност за преструктурирање на нашите економии, индустрии, технологии и воопшто, на начинот на живот согласно со принципите на одржливиот развој.

„Ако кризите ги третираме изолирано една од друга, ние само ќе ги ублажуваме симптомите без да го излечиме нашето човештво. Треба да се фокусираме на развој и поддршка на иновативни еколошки пристапи, одржливи развојни стратегии и да ги користиме новите технологии за климатска акција“, порача претседателот Пендаровски и додаде дека според Индексот за човечки капатал на Светската Банка се очекува во многу држави економските штети од пандемијата да се санираат на сметка на еколошката и климатската агенда.

„Не очекувам тоа да биде случајот со Република Северна Македонија. Како земја-кандидат за членство во Европската Унија, ние целосно го поддржуваме Европскиот зелен договор и подготвени сме да го дадеме нашиот удел кон трансформација на Европа во првиот континент со декарбонизирани економии до 2050 година. Како Претседател, јас ќе ги поддржам плановите на Владата да поднесе ревидирани и поамбициозни национални придонеси кон климатските промени“, потенцираше претседателот Пендаровски.

Извештајот за човековиот развој, додаде претседателот Пендаровски, треба да помогне да го задржиме фокусот и да не отстапиме од главните цели: Агендата 2030, Целите за одржлив развој, Парискиот климатски договор и Рамката од Сендаи за намалување на ризици од катастрофи.

Како позитивен пример, претседателот Пендаровски посочи дека човековиот развој во Северна Македонија бележи пораст од 14.3% од 2000 до 2019 година, а дека глобалниот индекс на мултидимензионална сиромаштија покажува дека земјава има најбрзо намалување на сиромаштијата во релативни бројки.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...