Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 14 ноември – Светски ден на дијабетесот

13 ноември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски вечерва се обрати на одбележувањето на 14 ноември – Светски ден на дијабетесот. Настанот е во организација на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК и се одбележува под покровителство на претседателот Пендаровски.

Дијабетесот зазема сè поголеми размери и сè повеќе ги напаѓа децата и затоа, посочи претседателот Пендаровски,  зголемувањето на свеста и актуелизирањето на проблематиката не е доволно.

„Потребно е како општество да ги употребиме и да ги ангажираме  сите потребни ресурси и потенцијали во справувањето и соочувањето со дијабетесот. Притоа, како и многу други состојби и болести, начелото на превенција  е од суштинска важност. Зборувам за превенција која нема да биде стихијна, туку издржана и базирана врз стручна анализа на севкупната проблематика што ќе гарантира ефикасност и успех во борбата против дијабетесот“, истакна претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски нагласи дека загрижува растот на заболени деца од дијабетес во земјава. На децата, освен одржувањето на гликемиската контрола, потребен им е и квалитетен начин на живеење, социјализираност, образование, но и примена на современи и иновативни терапии.

„Императив за секое општество, меѓу другото, треба да бидат следењето и примената на сè што е технички напредно, сè што е иновативно, сè што во тој поглед им помага на луѓето во нормалното живеење и функционирање“, рече претседателот Пендаровски и додаде дека не смееме да доцниме зад светот, а особено да си дозволиме нашите деца да заостануваат во примената и во употребата на современи и иновативни терапии кои веќе се присутни во нашата земја, како и медицинско-технички системи како што се системите за континуирано следење на нивото на шеќер во крвта, што како можност им е понудено на децата во Европа, вклучително и во сите земји од регионот.

На настанот којшто се одржа во мултимедијалниот центар „Мала Станица“, свои обраќања имаа и министерот за здравство, Венко Филипче, раководителот на Одделот за еднокринологија при Универзитетската Клиника за Детски болести, Скопје, проф д-р Зоран Гучев, вонредниот професор на Факултетот за фармација при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, доц. д-р Зорица Наумовска,  претседателот на Сојузот на здруженијата на дијабетичари на Македонија, Диме Велев и Наташа Деспотовска Димитриевска, претседател на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК. На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот беше отворена изложба посветена на откривањето и развојот на инсулинот и помошните помагала за негово користење, а беше прикажан и едукативниот видео-материјал “Живот со дијабетес во училишна доба”.

Светскиот ден на дијабетесот којшто годинава е посветен на јубилејот – 100 години од пронаоѓањето на инсулинот како значаен механизам во борбата против дијабетесот,  претставува континуитет на глобалните напори за подигнување на јавната свест и едуцирање на населението за неопходноста од натамошен институционален, но и индивидуален активизам во насока на унапредување на севкупните фактори за справување со ова заболување.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...