Обраќање на претседателот Стево Пендаровски по повод Светскиот ден на поезијата, во рамки на програмата на УНЕСКО

22 март 2021 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски, како покровител на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, преку видео порака се обрати на одбележувањето на овој голем јубилеј, што се одржа во седиштето на УНЕСКО во Париз. Во рамки на настанот се прославува и Светскиот ден на поезијата – 21 Март.

Постои едно интимно упориште во секој од нас што ги отвора сите прашања кои ги носиме во себе како радост, товар или тага. Една подотворена врата низ која се наѕираат сите дилеми на постоењето. Тоа е зборот. Тоа е мислата преточена во поетски јазик кој успева да ги помести хоризонтите на животните искушенија кои секогаш се поврзани со слободата.

Блаже Конески е квинтесенција на поетскиот јазик во чиј опус се вградени мудроста и предизвиците на постоењето. Конески суптилно ја објаснува граматиката на животот, создавајќи арматура врз која се потпира не само континуитетот на нашата национална култура, туку има свој придонес и за светското поетско и духовно наследство.

Поезијата на Конески е длабоко рефлексивна и јасна – и кога станува збор за интимните патеки на човекот, но и кога станува збор за општествените превирања и, воопшто, за сите бездни на животот. И како поет и како лингвист инсистираше да се биде постојано посветен и критичен читател и толкувач на светот. Блаже Конески е поет кој се бори против диктатурата на еднозначноста и токму затоа е поет на демократијата или како што самиот вели „вистинскиот интелектуалец треба да дејствува во својата средина како личност што влече напред…, да има чувство за историската димензија и за современата актуелност, а особено да се залага за очовечувањето“.

Тивок во зборот, но моќен во мислата, во овие бучни времиња, тишината во неговата поезија говори, артикулира и аргументира на благороден начин. Во неговото целокупно творештво се вградени нашето минато, сегашност и иднина, но неговото наследство, всушност, им припаѓа на сите оние на кои им е јасно како се гради современ, еманципиран и космополитски свет.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...