Прашање: Прашање за пожарите-Дали освен овие закони за надгледување и промена на законот за закана од потпалување, дали ќе се менува евентуално и закон за опожарено земјиште, поточно што ќе може со тоа земјиште потоа да се прави, оти веќе има индиции дека на тоа земјиште или се сечат шумите или се користат за граѓа…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова: Не се зборуваше за тоа ама и јас исто така како и Вие, од прегледот што го направив, видов дека, еден од инструментите за справување или од мерките против кизни-ако сакате, против пожарите е ова што Вие го зборувате. Да, еве може да се посочи, дека постои и ваква легислативна пракса во некои држави и дека таа дава резултати. Не говоревме ние денеска конкретно што треба да се смени во Законот,само повторивме дека, многупати досега сме рекле дека системскиот пристап е гаранција за решавање на проблемот. А, не, ад хок кога ќе се случи пожарот.
Денеска премиерот наведе низа други прашања што ќе се регулираат на соодветен начин, да речеме дури и казнената политика во поглед на сторителите и.т.н.Меѓутоа, најважно беа оние мерки, што велам, за детектирање на проблемите, секогаш и секаде. Дури можат да се видат во надлежните органи на екрани да се види што се случува , да речеме во некоја планина во определено време. Оти може и да не е тоа намерно, може да е и случајнопалењето, меѓутоа да се има , како што експертите укажуваат , дека може и однапред да се предвиди, според бојата и.т.н. Еве дури и јас почнав да се едуцирам на тв. Мислам и дека кога давате временска прогноза, дека не е лошо еве овие податоците од билтенот да ги имаме, за да знаеме што ќе се случува.Инаку,да, добро ви е прашањето, ама јас не можам да ви го одговорам. Да сум обвластен предлагач на закони, ќе речам јас ќе го предложам тоа решение, но да, ова е едно од решенијата што се практикуваат и што се веќе вградени во многу закони.
Прашање: Второто прашање ми е поврзано со случувањата на Блискиот Исток. Рековте дека во регионот и кај нас нема закана, но дали е разговараше и за позицијата која ќе ја зазема Македонија за оваа тема, со оглед на тоа што, еве денеска Словенија, на пример, забрани извоз или каква било повраност со оружје за Израел. Многу други земји најавуваат слични мерки. Каково е нашето позиционирање, со оглед на тоа, рековте дека ОН не доволно се ангажирале.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова: Речиси слично прашање поставив и јас, меѓутоа денешниот хендикеп на седницата беше отсуството на министерот за надворешни работи. Бидеејќи тој беше предвиден како еден од оние со кои ќе зборуваме на оваа тема, значи не се зборуваше за тоа како ќе се однесуваме, но неподелен или едногласен беше ставот дека треба да се почитуваат нормите на меѓународното право , дека треба да се воспостави трајно решение и траен мир, дека човековите права се неприкосновени, дека треба ОН да имаат поголема улога. Тоа беа денешните видувања, велам во отсуство на министерот за надворешни прашања.
Прашање: Утрово премиерот најави дека ќе биде на советот разговарано и за ликалните избори. Дали разговаравте и какви заклучоци донесовте. И второто прашање-Утрово од СДСМ ОД Вас побараа да не го потпишувате указот за законот за полиција и за внатрешни работи, бидеејќи се овозможува преголемо дискреционо право на министерот за назначување на високи раководни позиции и се брише членот кадешто на полицајците -кривично осудени и кои лежеле затвор повеќе од 6 месеци-да можат да се врата на работа. Дали ќе се одзвате на овој нивни повик да не го потпишувате указот.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова: Не можам да ви одговорам на ова прашање децидно, можам само да ве информирам дека , да, го добив законот од собрание, веднаш го пратив на мислење, и самата ќе го разгледам и потоа ќе постапам , зашто вака не можам на претпоставки да ви кажам. Меѓутоа, да, знам за нивното барање, го добив законот, ќе го прочитам а доколку е тоа така, се разбира ќе размислам да потпишувањето.
А за претходното прашање-не се зборуваше за локалните избори, не се безбедносно прашање. Можеби само во една димензија се споменаа изборите, и тоа во димензијата дека се случувало во минатото, дека сме биле сведоци кога пред избори имало масовно ослободување на затвореници и сл. Или дека се засилувала активноста на некои познати по манипулацииво изборите, во смисла на заплашување и сл. Лица, но тоа беше единственото . Зошто ? Бидеејќи министерот за внатрешни работи само рече дека процентот на разбојништва е намален, дека акциите што ги преземаат континуирано, довеле до разбивање на некои познати криминални групи што опстојувале и оперирале континуирано на овие простори, и во таа смисла се посочи дека можеби еве штом доаѓаат избори, тоа прашање е актуелно. Тоа беше денешната седница.