Пендаровски на прес конференција со Пахор: Споделуваме заедничка сегашност како сојузници во НАТО, а ќе имаме и заедничка иднина како дел од ЕУ

25 септември 2020 | Соопштенија

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“, претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, со што започна неговата официјална дводневна посета на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателот Пахор, се одржа и пленарен состанок на македонската и словенечката официјална делегација, како и заедничка прес конференција.

Во продолжение e интегралниот текст од изјавата на претседателот Пендаровски, а во прилог превод на текстот на албански и на англиски јазик.

Почитуван претседателе Пахор,
Почитувани членови на државната делегација на Република Словенија,
Почитувани претставници на медиумите,

Ми претставува особена чест и задоволство што денеска сум домаќин на мојот почитуван колега, претседателот на Република Словенија Борут Пахор.

Посетата е значајна од повеќе аспекти. Претседателот на Словенија е прв државник кој ја посетува нашата држава во време на пандемија со корона-вирусот со што се докажува стратешкото пријателство и традиционалната блискост меѓу двете држави.

Во составот на државната делегација на пријателска Словенија се и двајцата заменици претседатели на владата и истовремено министри за одбрана и за економија. Со тоа се зајакнува билатералниот дијалог и се отвораат можности за нови форми на соработка во овие две важни, клучни области.

Словенија е наша сојузничка во НАТО, а помошта во спроведувањето на реформите во одбраната, како и соработката меѓу нашите две армии беше, и е, се разбира сеуште, од исклучително значење.

Во делот на економијата, Словенија е наш значаен трговски партнер и инвеститор со години. И покрај намалената трговска размена оваа година поради здравствената криза, трговијата се одликува со стабилен раст. Наша задача е да го зголемиме нашиот извоз во Словенија и да го надоместиме трговскиот дефицит.

Словенечката поддршка ја добивме и во справување со ширењето на корона-вирусот. Исто така, веќе подолг временски период словенечките полицајци работат заедно со нашите полициски службеници на јужната граница, во справување со повеќегодишната мигрантска и бегалска криза.

Нашите билатерални релации ги збогатуваат и нашите научници и уметници кои ги изучуваат и предаваат нашите јазици и култура и остваруваат интензивна културна размена, како и нашите граѓани, словенечките во Северна Македонија и македонските во Словенија, кои и тука и таму го градат своето образование, својата кариера, создаваат семејства и на тој начин формираат нераскинливи врски меѓу нашите две општества и култури.

Имаме позитивно минато како дел од поранешната држава, споделуваме заедничка сегашност како сојузници во НАТО, а јас сум длабоко уверен дека ќе имаме и заедничка иднина како дел од Европската Унија. Словенија безрезервно ја поддржа одлуката на Европскиот совет во март оваа година за почеток на преговорите за нашето членство во ЕУ, а сега не поддржува во намерата да ја одржиме првата меѓувладина конференција до крајот на оваа година.

Со претседателот Пахор разговаравме и за регионалната безбедност и соработка, како и за тековниот развој на политичките прилики во регионот. Заклучивме дека иднината на регионот е во целосна интеграција во Европската Унија и дека за таа стратешка ориентација не постои кредибилна алтернатива.

Почитуван колега, драг пријателе Борут,

Се надевам и очекувам успешната соработка меѓу нашите две држави да продолжи, а македонско-словенечкото пријателство да станува се поцврсто.

Ви благодарам уште еднаш што ни направивте чест со Вашата посета во време на пандемијата со КОВИД-19.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...