Повик за акредитирање на медиуми Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони 11 септември 2023 година, Скопје

15 август 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со претседателите на Република Словенија Наташа Пирц-Мусар и на Република Хрватска Зоран Милановиќ ќе биде домаќин на состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, кој ќе се одржи на 11 септември 2023 година во Скопје.

Претставниците на медиумите, кои се заинтересирани да го проследат настанот, е потребно да се акредитираат со пополнување на формуларот кој можат да го преземат на следниот линк.

Претставниците на медиумите треба да го испратат пополнетиот формулар најдоцна до 23:59 ч, на 31 август 2023 година на [email protected]

Земји учеснички во Процесот Брдо-Бриони се Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Северна Македонија, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска и Црна Гора, претставени на ниво на претседатели на држави.

Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година, на иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска и претставува најпрестижна регионална инцијатива која дава политички резултати и поттикнува политички дијалог меѓу земјите од регионот со отворени прашања. Лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно.

Контакт лица:

За информации поврзани со Самитот:
Билјана Радева, 076 45 55 45
[email protected]

За акредитација на медиуми:
Снежана Стојанова 070 35 97 88
[email protected]

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...