Порака од претседателот Стево Пендаровски по повод четири нови изданија за македонскиот јазик

7 јули 2020 | Обраќања

Со задоволство ја примив поканата да присуствувам на промоцијата на четирите изданија за македонскиот јазик. Поради претходно преземени обврски, за жал, не сум во можност да бидам со вас. Сепак, со оваа кратка порака би сакал да ве поздравам и со вас да споделам неколку согледувања.

Најпрво, сакам да им честитам на Македонската академија на науките и уметностите, на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и на Советот за македонски јазик за овој голем заеднички потфат со кој се изразува почит кон нивните основоположници и патрони. Четирите тома за македонскиот јазик излегуваат во јубилејната 75. година од објавувањето на македонската азбука и македонскиот правопис со кои во 1945-та се заокружи процесот на кодификација на македонскиот стандарден јазик.

Овие четири тома потврдуваат дека македонскиот јазик е непобитен историски и културен факт што е верификуван од светската лингвистика и славистика. Како жив јазик со долга уснена и писмена традиција, македонскиот јазик ѝ претходи на државата што го стандардизирала и кодифицирала. Јазикот опстанал и во најнеповолни услови поради способноста да се приспособува кон промените, да еволуира и да се развива во бројни дијалекти. Но токму кодификацијата им овозможи на многу генерации македонски граѓани непречено да се образуваат и да творат на македонски јазик. Токму кодификацијата создаде услови за процут на македонската наука и уметност, но и отворање катедри и лекторати по македонски јазик на бројни универзитети во Европа и во светот. Токму кодификацијата овозможи македонскиот јазик денес да има уставно и законски загарантиран статус во Република Северна Македонија, а со тоа и во меѓународни рамки. Затоа беспредметни се сите обиди за негирање, ревизија и толкување на реалноста на македонскиот јазик надвор од научната сфера.

Една од спецификите на македонскиот јазик е неговата отвореност за размена со другите балкански јазици со коишто го споделувал времето и просторот. Богатството од различни јазици на територијата на Република Северна Македонија го збогатува и македонскиот јазик кој е плод на мултиетничкиот соживот. Затоа, како што државата има обврска да се грижи за унапредување на јазичните права на граѓаните од сите етнички заедници, така и институциите имаат обврска да се грижат за македонскиот јазик и за неговата интегративна функција.

Конечно, во дигиталната ера ќе продолжат да се развиваат оние јазици што навреме ќе успеат да се адаптираат на новата дигитална реалност. Оттука, имаме генерациска обврска кон младите, кон идните поколенија да продолжиме со дигитализацијата на македонскиот јазик, како на богатото културно и духовно јазично наследство, така и на најсовремените достигнувања, а со цел сето тоа да го направиме достапно во целиот свет.

Со таа мисла, на самиот крај, на сите вклучени институции и поединци им благодарам за четиритомното издание и посакувам уште поголеми креативни дострели во негувањето и во афирмацијата на македонскиот јазик кај нас и во светот.

Стево Пендаровски

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...