Обраќање на првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

25 јануари 2021 | Обраќања

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку видео-порака се обрати на отворањето на првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што се одржува онлајн, во рамки на одбележувањето на едно столетие од раѓањето на великанот на македонската филологија, лингвистика и книжевност, академик Блаже Конески.

Како покровител на јубилејот „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, претседателот Пендаровски изрази задоволство од предвидените настани и програмски содржини, посакувајќи им успешна работа на учесниците на школата.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани учесници на првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура,

Драги пријатели,

Имам особена привилегија и чест да ве поздравам на почетокот на првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Верувам дека задоволството кај сите нас е уште поголемо, што овој настан се одвива токму во годината во која одбележуваме едно столетие од раѓањето на великанот на македонската филологија, лингвистика и книжевност, академик Блаже Конески. Впрочем, 2021-та  ја прогласивме за година во чест на Блаже Конески и сите релевантни институции од областа на културата, науката и образованието ќе бидат вклучени во реализација на активности и проекти поврзани со оваа значајна годишнина.

Како покровител на јубилејот „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, импресиониран сум од сите предвидени настани и програмски содржини. Се радувам што токму преку првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во чии рамки е и Филолошкиот факултет кој го носи името на Блаже Конески, практично прв започнува со активности за одбележување на големиот јубилеј.

Почитувани,

Како еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик академик Конески ја заслужува најголемата почит и благодарност. Во период кога, за жал, од политички причини, повторно се негира постоењето на македонскиот јазик, иако тој е одамна верификуван од светската лингвистичка наука, токму делото на Конески е најмногу на удар. Во таа смисла, еден од најцврстите бедеми во одбраната од неаргументираните и често ирационални напади е Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура кој зад себе има веќе пет и пол децениска традиција со повеќе од петстотини учесници од шеесетина земји од сите меридијани на светот. Затоа големо благодарам  на сите досегашни учесници за посветеноста и за придонесот за поширока меѓународна афирмација на македонскиот јазик, литература и култура.

Согласно актуелната ситуација со пандемијата, како и во случајот со минатогодишната летна школа така и сега сите настани се онлајн. Се надевам дека наскоро по започнување на процесот на вакцинирање,  човештвото, во целина, ќе излезе како победник во борбата со Ковид 19 и полека ќе се вратиме на нормалното секојдневие, така што, следната школа ќе може, согласно традицијата, да биде одржана во Охрид со физичко присуство на сите учесници.

Уште еднаш Ви честитам на желбата да бидете дел од првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и во наредните десет денови додека трае школата ви посакувам успешна работа.

Ви благодарам на вниманието.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...