Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Пендаровски во посета на Армискиот полигон „Криволак“

9 јули 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска ги посети припадниците на нашата Армија во Армискиот полигон „Криволак“. Истовремено, претседателот Пендаровски изврши обиколка на инженерската единица која изведува инженерски работи во рамки на проектот за уредување на полигонот.

Одговорните команданти го информираа претседателот Пендаровски дека почнувајќи од пред 2 месеци, инженерскиот баталјон заедно со канцеларијата за одбранбена соработка при амбасадата на САД, реализираат проекти за поправка на постојната патна инфраструктура, како и за обележување и пробивање на траси за нови патни правци.

Исто така, одговорните на полигонот го информираа претседателот Пендаровски за тековните, како и за идните планирани активности во насока на инфраструктурно подобрување на „Криволак“ со систем обиколница и внатрешно поврзување со вкупна должина од околу 74км со подготовка за воспоставување на влезови на полигонот од север, запад и од исток. Со новата инфраструктура, како што истакнаа претставниците на инженерскиот баталјон, ќе се зголеми мобилноста во рамки на полигонот, како и капацитетот за изведување на вежби, на ранг на други развиени земји.

Како 30-та земја членка на НАТО, Северна Македонија, како што рече претседателот Пендаровски, има што да понуди на своите сојузници во Алијансата.

„Полигонот за вежби „Криволак“, во кој изминатиов период се вложува многу,  со цел да се модернизира армискиот полигон е еден од нашите ресурси коишто можеме да ги понудиме на НАТО“, додаде претседателот Пендаровски.

При посетата на Армискиот полигон „Криволак“, претседателот Пендаровски беше информиран и за претстојната вежба „Одлучен удар 21“, како и за интензивната соработка на нашата Армија со Канцеларијата за одбранбена соработка при амбасадата на САД. Во рамки на таа соработка е и донацијата на материјали за изградба и поправка на патната инфраструктура на полигонот „Криволак”. Ова, како што истакна претседателот Пендаровски, е директна придобивка од членството на Северна Македонија во НАТО и соработката со САД, како еден од нашите најголеми стратешки партнери.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...