Претседателот Пендаровски ги посети армиските единици и локалниот кризен штаб во Општина Тетово: Армијата ќе биде ангажирана секаде каде што ќе биде потребно

14 април 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги посети армиските единици во касарната „Кузман Јосифовски Питу“, во Тетово. Третиот пешадиски баталјон во рамки на оваа касарна е првата единица од којашто беа испратени војници во Дебар и во Центар Жупа, веднаш по прогласувањето на кризна состојба. Во разговор со одговорните во касарната, претседателот Пендаровски беше информиран за досегашните и тековните активности на припадниците на Армијата при справување со пандемијата со вирусот COVID-19. Во изјавата за медиумите претседателот Пендаровски посочи дека денеска со Армијата разговарале како да се подобри синхронизацијата со локалната самоуправа, во услови на вонредна состојба.

„Армиските единици, не само тука, туку било каде во државата кадешто има потреба ќе бидат ангажирани и се ангажирани на неколку задачи. Тие, освен контролата таму кадешто има потреба на влезно-излезните точки од општините, односно од градовите и населените места, учествуваат во поддршка на Министерството за внатрешни работи, во дистрибуцијата на храна и лекови до загрозените категории на население и, се разбира, со своите специјални единици учествуваат и во дезинфекција на јавни објекти или на јавни површини, на патишта и слично, бидејќи за тоа постојат ресурси во Армијата, кои во оваа ситуација им се дадени на располагање и на општинските власти“, истакна претседателот Пендаровски.

Во контекст на 30-те дена од вонредната состојба коишто завршуваат во текот на оваа недела, претседателот Пендаровски рече дека в четврток на пладне повторно ќе се одржи седница на Советот за безбедност.

Дополнително, како што посочи претседателот Пендаровски, доколку до него пристигне барање од Владата, сосема е извесно дека вонредната состојба ќе се продолжи за нови 30 дена.

„Според она што го знам до сега, тоа и јавноста го знае, тие информации се споделени со сите вас, нема никаква тајна, и не треба да има во однос на оваа пандемија, мислам дека се шансите извесни или големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба, бидејќи и опкружувањето околу нас, ова е пандемија, оваа не е само кај нас проблем, меѓутоа и внатрешните состојби, кои не ескалираат, меѓутоа не се значително редуцирани сеуште, побаруваат ваков тип на ангажман од сите надлежни институции и ваков тип на состојба“, додаде претседателот Пендаровски.

При посетата на Тетово, претседателот Пендаровски беше брифиран и за работата на локалниот кризен штаб во Општина Тетово, којшто го сочинуваат доктори од неколку здравствени установи, претставници на тетовската полиција, на Црвениот Крст, на против пожарната служба, како и претставник на Центарот за управување со кризи. Заблагодарувајќи им се за безрезервниот ангажман, претседателот Пендаровски подвлече дека меѓусебната соработка резултира со солидарност и силна кохезија.

„Во оваа битка сме сите заедно и оваа битка ќе ја добиеме само ако работиме заедно. Никој од нас не може сам да одговори на овој предизвик. Знам дека е тешко и ментално и физички. Но мора да издржиме“, им порача претседателот Пендаровски на членовите на тетовскиот кризен штаб.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...