Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Португалската Република

30 јануари 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Мариа Вирџиниа Мендес да Силва Пина, новоименувана амбасадорка на Португалската Република во Република Северна Македонија, со седиште во Белград.

Претседателот Пендаровски, на церемонијата на предавање акредитиви, рече дека дипломатските односи меѓу двете земји навлегоа во третата деценија и додаде дека во изминатиот период е изградена соработка на повеќе полиња кои се засновани на меѓусебно разбирање и искрена почит. Претседателот истакна дека членувањето на нашата држава во НАТО ќе претставува дополнителен мост на поврзување меѓу двете земји како партнери и сојузници кои делат исти гледишта и вредности во однос на меѓународниот мир и безбедност, додавајќи дека поддршката од Португалската Република за интеграција на државите од регионот на западниот Балкан во Европската унија, а во тие рамки и на Република Северна Македонија, е од голема важност. „Република Северна Македонија заслужува да ги започне преговорите за членство во Европската унија час поскоро. Претстојните неколку месеци се важни во тој контекст не само за нас како држава, туку и за целолупниот регион на Западен Балкан“ рече претседателот Пендаровски.

Амбасадорката Мариа Вирџиниа Мендес да Силва Пина истакна дека билатералните политички односи се одлични и дека во периодот што следи, преку соработката во областа на ИКТ, животната средина, енергијата и туризамот, ќе се зајакнат и економските врски, а преку подобро запознавање и зближување на народите на двете земји ќе се унапреди и културната димензија на билатералните односи. Честитајќи и на Северна Македонија на долгиот и позитивен пат поминат со решеност и добра волја кон крајната цел – поскоро членство во ЕУ, португалската амбасадорка ја изрази поддршката на нејзината земја и истакна дека е сигурна дека двете земји ќе имаат поинтензивна соработка во делот на одбраната. „Се радуваме на вашето приклучување, бидејќи знаеме дека вие, како европска земја, треба да бидете дел од НАТО и Европската унија“, изјави амбасадорката Мариа Вирџиниа Мендес да Силва Пина.

Претседателот Пендаровски на новоименуваната амбасадорка и посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...