Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваните амбасадори на Монголија и на Република Гана

27 мај 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Монголија и на Република Гана во Република Северна Македонија.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на новата амбасадорка на Монголија, со седиште во Софија, Сајана Лхагвасурен, претседателот Пендаровски  истакна дека постојат можности за посеопфатна развојна динамика на односите меѓу двете држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план особено  за продлабочување на економските односи, како и за збогатување на соработката во доменот на културата, науката и образованието.

Амбасадорката Лхагвасурен ја истакна целосната посветеност и давањето на највисок приоритет за промовирање на нови можности во билатералната соработка и унапредување на постоечките пријателски односи меѓу двете земји.

На церемонијата на предавање на акредитивни писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Република Гана, со седиште во Прага, Џејмс Комла Ниасемби, претседателот Пендаровски изрази уверување дека со заеднички напори ќе се придонесе кон продлабочување и збогатување на билатералните односи и меѓусебната соработка во сите сфери од заемен интерес на двете земји и нивните граѓани.

Амбасадорот Ниасемби изрази уверување дека ќе се работи на зајакнување на срдечните односи и соработка меѓу двете земји во контекст на подобрување на трговските, инвестициските и туристичките односи, како и соработката на билатерално и мултилатерално ниво за постигнување на глобален мир и начелата на одржливите развојни цели.

Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори на Монголија, Сајана Лхагвасурен и на Република Гана, Џејмс Комла Ниасемби, им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...