Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Република Северна Македонија

10 септември 2019 | Соопштенија


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма од страна на Џанг Ѕуо, новоименуван амбасадор на Народна Република Кина во Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски рече дека досегашната соработка меѓу Република Северна  Македонија и Народна Република Кина е успешна, пријателска, со континуитет на размена на посети на високо ниво и конструктивен политички дијалог.

„Особено би сакал да ја издвојам соработката во рамките на „Процесот за соработка 17+1“, чија рамка дава големи можности за проширување и за продлабочување на соработката. За нас, покрај соработката во рамките на „Процесот за соработка 17+1“, од исклучителна важност е и билатералната економска соработка која на задоволство и во заемен интерес на двете држави е исклучително интензивна и успешна“, изјави Претседателот на церемонијата на предавање акредитиви.

Претседателот Пендаровски го поздрави значајниот настан што ќе се одржи во нашата земја во ноември оваа година ‒ Културниот форум за земјите од „Процесот на соработка  17+1“ и упати честитки по повод одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на Народна Република Кина со желби за натамошен просперитет и за благосостојба на пријателскиот кинески народ.

Амбасадорот Џанг Ѕуо рече дека традиционалното пријателство меѓу Кина и Северна Македонија е длабоко и дека Кина придава големо значење на развојот на односите со Република Северна Македонија.

„Од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите земји, двете држави одржуваат блиска размена на посети на високо ниво, силна политичка меѓусебна доверба и сеопфатен развој во соработката во областа на економијата, трговијата, културната размена, образованието, науката и технологијата, како и во инфраструктурата, а сето тоа резултира со материјални придобивки за луѓето од нашите земји, истакна кинескиот амбасадор.

Претседателот Пендаровски на новоименуваниот амбасадор му посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...