Претседателот Пендаровски ги прими членовите на хорот „Златно славејче“

19 ноември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на детскиот хор „Златно славејче“.

Честитајќи ја успешната реализација на 53. издание на фестивалот „Златно славејче“, претседателот Пендаровски којшто е негов покровител, истакна дека овој фестивал повеќе од половина век има значајна улога во развојот на талентот на најмладите, а хитовите компонирани и отпеани на „Златно Славејче“ се популарни до денес и многу од возрасните ги паметат уште од своите детски денови.

Членовите на постојаниот детски хор и солистите на „Златно славејче“ отпеаја рефрени од новите детски хитови и ги споделија своите импресии и доживувања со Претседателот за неодамна одржаниот фестивал.

Првото издание на фестивалот „Златно славејче“ се одржало на 23 мај 1970 година, во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Град Скопје. Традиционално, веќе 53 години, во рамки на одбележувањето на ослободувањето на Скопје, 13-ти ноември, „Златно славејче“ е дел од музичката лектира на најмладите.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...