Претседателот Пендаровски го прими адмирал Бурк: Северна Македонија е доверлив и стратешки сојузник на НАТО

26 март 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот на сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк, кој е во работна посета на земјава по повод одбележувањето на годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и затворањето на НАТО канцеларијата за врски.

 

На средбата беше изразено задоволство од исклучително високото ниво на односи меѓу Република Северна Македонија и Алијансата и беа разменети мислења и информации за соработката на Република Северна Македонија со Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол.

Претседателот Пендаровски ја поздрави поддршката што Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол ја дава за успешно завршување на процесот на нашето воено интегрирање во Алијансата.

„Одржувањето на безбедноста, стабилноста и просперитетот на нашиот регион претставува колективен интерес на сите. Република Северна Македонија е подготвена да продолжи со реформите во одбраната и модернизација на Армијата согласно сите НАТО стандарди, кои истовремено овозможуваат државата да ги проектира и заштити своите витални национални интереси и да ја зајакне својата геополитичка и гоестратегиска положба“, истакна на средбата претседателот Пендаровски, додавајќи дека нашата земја во континуитет покажува дека е доверлив и стратешки партнер и сојузник на Алијансата.

Во таа насока, Претседателот истакна дека Република Северна Македонија и во иднина ќе продолжи активно да учествува во мисијата на КФОР во Република Косово, која е под директна команда на Неапол,  и да обезбедува логистичка и медицинска поддршка на Алијансата, односно на НАТО предводената операција на Косово, каде е предвидено и зголемување на бројот на македонските припадници.

Соговорниците дискутираа за можностите за продлабочување на регионалната соработка и учество во регионалните НАТО инцијативи и партнерства, кои би ја зајакнале стабилноста во регионот и во кои би можеле да го пласираме нашето искуство како нова земја членка на НАТО. Во таа насока, беа разгледани можностите за проширување на учеството на Република Северна Македонија во меѓународните мировни мисии предводени од Алијансата.

Сојузничката команда на здружените сили  на НАТО во Неапол (JFCNP) е една од најважните команди во воената структура на НАТО чија цел е да подготвува, планира и спроведува воени операции за зачувување на мирот, безбедноста и територијалниот интегритет на земјите членки на Алијансата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...