Претседателот Пендаровски прими делегација на Советот на амбасадорите

4 септември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Советот на амбасадорите, во која беа Љупчо Арсовски, Александра Наќева-Ружин, Мухамед Халили и Александар Тавчиовски.

На средбата, амбасадорите го информираа претседателот Пендаровски за нивните главни цели, за предизвиците на дипломатијата на Северна Македонија, како и за нивните досегашни активности во насока на успешно креирање и воспоставување на регионалната и меѓународна билатерална и мултилатерална политика, во контекст на ЕУ и НАТО интеграциите.

Претседателот Пендаровски го поздрави формирањето на здружението, изразувајќи увереност дека долгогодишното дипломатско искуство на членовите коишто го сочинуваат, ќе даде значаен позитивен придонес во функционирањето на домашните институции, во насока на дополнително зајакнување на нашата надворешна политика. На средбата, соговорниците ја нагласија потребата сите политички чинители заеднички да работат на европската иднина на државата, преку конструктивен политички дијалог, во насока на намалување на поларизацијата во општеството.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...