Претседателот Пендаровски прими претставници на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO)

4 ноември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

На средбата, претставниците на Канцеларијата го информираа претседателот Пендаровски за тековните активности во регионот на Западен Балкан, како и за нивните натамошни проекти со цел зголемено учество на младите во процесите на одлучување во сите сфери на општественото живеење.

Во таа насока, претставниците на RYCO го запознаа Претседателот со нивните препораки за подобрување на состојбата со младинското учество во регионот во услови на глобална пандемија на КОВИД-19, како и за состојбите на младинското учество во Република Северна Македонија. Потребата од усовршување на дигиталното образование, поддршка и грижа за менталното здравје на младите, поттикнување на претприемништвото, беа посочени како дел од предизвиците со кои се соочуваат младите, за кои е потребна поголема институционална поддршка.

Претседателот Пендаровски ги поздрави иницијативите на RYCO и истакна дека е од големо значење во време на социјална изолација, младите и понатаму да се мотивираат и да соработуваат преку заедничко учество во програми, кои имаат за цел регионална соработка и креирање на политики за справување со последиците кои произлегуваат од пандемијата.

Во тој контекст, Претседателот ја рефирмираше неговата целосна поддршка за надградување на севкупното образование на младите преку нивно вмрежување, а со цел изнаоѓање на практични и инвентивни решенија за предизвиците од новото време и подготовка за пост-ковид светот. Притоа, на средбата беа разменети мислења околу можностите за промоција на целите на RYCO преку соработка и реализација на заеднички проекти со Претседателскиот центар за политичко образование и со „МладиХАБ – дигитална младина”.

Регионалната канцеларија за соработка со млади е основана од учесници од земјите на Западен Балкан:  Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, со цел да го промовира духот на помирувањето и соработка помеѓу младите во регионот преку програми за размена на млади.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...