Претседателот Пендаровски со сопругата ја посетија изложбата „Мојот свет во боја“ на Вероника Љоровска

20 мај 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата, Елизабета Ѓорѓиевска ја посетија изложбата на Вероника Љоровска „Мојот свет во боја“ во просториите на Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

Ова е првата самостојна изложба на Љоровска која е студент на Факултетот за графички дизајн при Европскиот универзитет. Изложбата се состои од четириесеттина дела изработени во повеќе техники: молив, јаглен, туш, фломастер, темпера, колаж, асамблаж, енформел, а форматите на делата се изработени во повеќе димензии.

Во организирање на изложбата помогна Европскиот универзитет како поддршка на лицата со посебни потреби како еднакви граѓани во нашето општество и нивното право на високо образование. Идејата за изложбата Љоровска  ја доби од Јана Манева-Чупоска, нејзина професорка по предметите цртање и сликање од која научила самостојно да ги изработува задачите адаптирани за неа. Oваа изложба за Вероника  Љоровска е можност другите да ја видат  нејзината креативност и да се запознаат со нејзините дела, како и чекор кон остварување на нејзината визија да биде успешна во професијата графички дизајнер.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...