Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Галовеј и првиот советник во амбасадата на Франција, Мрозек

5 ноември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј и првиот советник во амбасадата на Република Франција, Станислас Мрозек.

Соговорниците изразија задоволство од развојот на севкупните односи меѓу трите држави, коишто се карактеризираат со пријателство, меѓусебна доверба и партнерство.

Претседателот Пендаровски се заблагодари истовремено за британската и за француската поддршка во справувањето со последиците од пандемијата на КОВИД-19.

Амбасадорката Галовеј и првиот советник Мрозек , на средбата, на претседателот Пендаровски му врачија и покана за учество на онлајн настан посветен на климатските промени, а на кој ко-домаќини ќе бидат генералниот секретар на ООН, премиерот на Обединетото Кралство, како и претседателот на Република Франција.

Претседателот Пендаровски го прифати и потврди своето учество на настанот, кој ќе се одржи во декември годинава, една година пред одржувањето на Самитот за климатски промени на ОН којшто ќе се одржи во Глазгов, Обединетото Кралство.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...