Средба на претседателот Пендаровски со австриската сојузна канцеларка Бригит Биерлејн

11 октомври 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Австрија, оствари средба со сојузната канцеларка Бригит Биерлејн.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои се стабилни и пријателски и се карактеризираат со меѓусебна доверба и заемно почитување. Размената на посети на високо и на највисоко ниво, беше оценето на средбата, се најдобар показател за нивото на развој на односите меѓу двете држави, кои годинава одбележуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупната поддршка од Австрија за аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската унија и го реафирмираше очекувањето дека кон средината на октомври Европскиот совет ќе донесе одлука за отпочнување на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија.

Канцеларката Биерлејн упати честики за постигнатото и за спроведените реформи во нашата земја.

Претседателот Пендаровски ја истакна и важноста на поддршката што Австрија ја дава на Северна Македонија во справувањето со мигрантската криза, преку континуирано присуство на австриски полициски сили на јужната гранична линија од 2015 година.

Претходно, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести беше примен од австрискиот претседател Александер Ван дер Белен. Во рамки на официјалната посета, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба и со претседателот на Националниот совет на Сојузното собрание на Република Австрија, Волфганг Соботка.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...