Средба со министри за надворешни работи на држави од групата „Пријатели на проширувањето“

3 март 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ги прими министерот за надворешни работи на Република Литванија, Линас Линкевичиус, министерот за надворешни работи на Република Латвија, Едгарс Ринкевичс, министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович, и потсекретарот за европски работи на Република Естонија Март Волмер, чиишто земји, членки на Европската Унија се дел од групата „Пријатели на проширувањето“.

На средбата, претседателот Пендаровски изрази благодарност за нивната силна и постојана поддршка за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија. Во тој контекст, тој го реафирмираше очекувањето дека новата методологија ќе биде донесена во текот на овој месец, и со тоа би се создала можноста за отворање на пристапните преговори за членство во текот на хрватското претседателство со Унијата.

Претседателот Пендаровски нагласи дека Северна Македонија, спроведувајќи ја реформската агенда, во изминатиов период покажа политичка зрелост и максимална посветеност во обезбедувањето на нејзината европска и евроатлантска иднина. Во таа насока тој ја истакна важноста на нашето пристапување во Унијата, како значаен придонес во зајакнувањето на стабилноста и просперитетот на Југоисточна Европа, но и за самата Европска Унија, со која споделуваме исти вредности.

Говорејќи за добрососедските односи и соработка како еден од основните предуслови за стабилен и безбеден регион, Претседателот се осврна на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи и соработка со Бугарија, коишто претставуваат позитивен пример на Балканот.

На средбата беше разговарано и за актуелните случувања во пресрет на предвремените парламентарни избори во Северна Македонија. Во тој контекст, претседателот Пендаровски ја нагласи важноста изборите да бидат спроведени во фер и демократска атмосфера, а новата влада фокусирано да продолжи со испорака на реформски резултати, во интерес на граѓаните и на нашата европска иднина.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...