Учество на претседателот Пендаровски на дебата на тема „Безбедна младина, посигурна иднина“

11 декември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска на Универзитетот ФОН учествуваше на дебата на тема „Безбедна младина, посигурна иднина“, којашто се одржа во рамките на НАТО караванот на Инфо центарот за евроатлантски интеграции.

Во своето обраќање пред студентите, претседателот Пендаровски нагласи дека во 70 годишното постоење на НАТО, Алијансата постојано се менува, и денес освен традиционалните закани, на агендата се и сајбер заканите, верскиот екстремизам, политичката пропаганда, лажните вести. Претседателот потенцираше дека НАТО е фактор на стабилноста и се осврна на придобивките од нашето членство во Алијансата.

„Сите етнички заедници кај нас го поддржуваат членството во НАТО. Дури и најновите анкети кои ги видов, а кои ја мерат поддршката за наше членство таму, која е некаде над 70 проценти. Ако ги разбиете по етнички заедници покажуваат дека огромно мнозинство од сите, ама буквално од сите и наведени и ненаведени етнички заедници во Уставот поддржуваат членство во НАТО. Ова преведено значи дека НАТО е фактор на стабилност внатре кај нас, што значи ја засилува внатрешната кохезија. Тоа не беше случај со некои последни земји членки на НАТО каде што значајни делови од популацијата не сакаат нивната земја да биде членка во таа Алијанса. Или некои држави кои допрва чекаат да станат членки како што се Украина или Грузија, каде што значајни делови од популацијата не сакаат нивната држава да членува таму, што значи дека тоа е фактор на разединување во тие држави“, рече претседателот Пендаровски.

Важно прашање кога се зборува за НАТО, е колку средства ќе треба да одвојуваме годишно, нагласи Претседателот, посочувајќи ги како шпекулација тврдењата дека тоа ќе го сруши нашиот буџет.  Во моментот кога Северна Македонија ќе влезе во НАТО, на годишно ниво ќе одвојуваме околу 2 до 2,5 милиони евра. За возврат, посочи Претседателот, добиваме многу, особено во очите на потенцијалните странски инвеститори, бидејќи Северна Македонија ќе биде држава со предвидлива иднина и со територија која ќе ја гарантираат другите земји-членки на НАТО.

Претседателот во своето обраќање го посочи и Брегзит како тема која го преокупира нашиот континент и пошироко во изминатите години.

„Има некои политичари во други земји членки на Европската унија, кои заговараат Брегзит или излегувања од Европската унија за нивните држави. Тоа се уште не се доминантни политички движења во тие држави, ниту имаат доминантна поддршка од граѓаните. Меѓутоа, можете да чуете дека некој размислува да излезе од Европската унија, но никој релевантен, ниту еден релевантен политичар не размислува да ја извлече својата земја од НАТО. Значи Брегзит е невозможен во НАТО“ заклучи Претседателот во обраќањето.

Амасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј, која учествуваше во дебатата рече дека НАТО е најуспешниот сојуз во историјата и дека со нетрпение очекуваат Северна Македонија да стане членка на Алијансата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...