Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите

23 мај 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на Влашката заедница во Република Северна Македонија.

Почитувани сограѓани,

Ми претставува особена чест да ви го честитам 23 Мај, Националниот ден на Власите. На овој ден во 1905 султанот Абдул Хамид Втори го издаде декретот со кој во рамките на Отоманската Империја беа признаени националните права на Власите и се овозможи отворање на училишта на влашки јазик како значаен чекор кон зачувување на нивната етничка и културна самобитност. По 115 години од овој чин, припадниците на влашката заедница, токму во Република Северна Македонија, го остваруваат правото на граѓанско и политичко организирање, уживајќи ги сите права како и останатите етнички заедници со што го зајакнуваат својот етнички, јазичен и културен идентитет. Нашата земја со право може да се гордее на придонесот на припадниците на влашката заедница во општествените текови и во сите сегменти на секојдневното живеење. Нашето мултиетничко и мултикултурно општество не е само резултат на законски одредби, стандарди и практики. Тоа е одраз на меѓусебното разбирање, заедништво и почит на сите наши граѓани.

Почитувани,

Како и целиот свет, така и нашата заедничка татковина, Република Северна Македонија, се соочува со пандемијата на Ковид-19 која немилосрдно одзема човечки животи и остава длабоки здравствени, финансиски и социјални последици. Како и во сите историски премрежија, така и сега да останеме сплотени, солидарни и одговорни и да се заштитиме себеси, своите најблиски и целата заедница. Не се сомневам дека со цврста волја, посветеност, дисциплина и внимателност набргу ќе излеземе како победници пред невидливиот непријател кој не разликува расна, етничка, верска, полова, идеолошка или каква било припадност.

Нека ни е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите.

Стево Пендаровски
Претседател на Република Северна Македонија

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...