Средба на претседателот Пендаровски со делегација на „Македонија 2025“

13 ноември 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со дел од основачите и членовите на одборот на организацијата „Македонија 2025“.

На средбата соговорниците го информираа претседателот Пендаровски за осмото издание на Самитот „Македонија 2025“, кој се одржува од 13-ти до 15-ти ноември во Скопје и кој служи како платформа за споделување на знаења, поврзување на бизнисите и инспирирање иновации и промени во Југоисточна Европа. На средбата беше посочено дека годинава на Самитот се очекуваат над 50 истакнати говорници и стотици високи гости од бизнис сферата. Во фокусот на Самитот ќе бидат иновациите и нивното влијание врз намалување на загадувањето на животната средина и воздухот, како и иднината на работните места и вештините, глобалните економски и геополитички трендови и можностите за финансирање на малите и средни претпријатија.

Претседателот Пендаровски на средбата ја поздрави работата на „Македонија 2025“, којашто преку Самитот ги одразува желбите, волјата и решеноста на македонската дијаспора активно да се вклучи во градењето на иднината на Северна Македонија. Претседателот Пендаровски посочи дека постојат многу можности и потенцијали за соработка и дека истите е неопходно да се искористат преку интензивирање на соработката меѓу бизнис заедниците во земјата и во дијаспората.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...