По повод 9 мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, делегација од Кабинетот на Претседателот во состав Блерим Кољали, посебен советник за национална безбедност, Валентин Димевски, посебен советник за безбедност и одбрана и Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот, положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, оддавајќи им почит на борците.
Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...